На 02 јули 2019 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Самуел Жбогар, Шеф на делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
Состанокот, беше реализиран на барање на г-динот Жбогар, заради иницијално запознавање со новиот состав, изразување на отворена поддршка на работата на ДКСК и за можна понатамошна соработка и поддршка од страна на ДЕУ во Скопје.
На состанокот , учесниците се осврнаа на неколку области:
- Од страна на г-динот Жбогар најнапред беше искажана задоволство од досегашната работа на ДКСК, истакнувајќи дека оваа институција преставува пример во државата како треба да се работи, започнувајќи од начинот на избор, постапувањето по предметите, справувањето со проблемите и не селективноста, непристрасноста и непартизираноста во постапувањето.- - Накусо даде осврт на проектите од ЕУ за поддршка на работата на ДКСК, реализирани, но и оние кои следат.
- Покажа интерес за соработката на ДКСК со другите институции, со Јавниот обвинител за организиран криминал и корупција во делот на процесирање на поведените кривични постапки, граѓанскиот сектор, со институции и соодветни мрежи во регионот и пошироко, но и за друга меѓународна поддршка која што ДКСК ја добива.
- Во непосредна и отворена комуникација се отвори прашањето за довербата што ДКСК, сега реинкарнирана со новиот ЗСКСИ и новиот состав, ја добива од граѓаните на Република Северна Македонија но, и надежите кој меѓународната заедница ги има кон оваа институција, особено во периодот кој следи. Начинот на комуникација со граѓаните беше дел од интересот на г-динот Жбогар.
- Од страна на ДКСК беше информиран за предметите кои ги работи, актуелни за јавноста, во областа на јавните набавки, доделување на концесии и начинот на кои ДКСК ги добива, распределува и постапува по предметите.
- Се спомена предизвикот што и претстои на ДКСК кон креирање на политичка култура во РСМ и предизвикот кон состојбите на непотизам и кронизам и начинот на кој што ДКСК се справува со ова прашање. Беше информиран и за активноста на ДКСК во насока на скенирање на легислативата која го уредува прашањето на работни односи, заради стеснување на просторот за дискрециони овластувања при изборот на лица кои ќе бидат вработени. Врз основа на анализата се очекува да произлезат препораки кои би значеле измени на соодветните закони.
Надоврзувајќи се на ова но и на проектот кој што ДЕУ планира да започне во 2020 со фокус на дискреционите овластувања во јавните институции, г-динот
Жбогар беше информиран за изготвената Методологија за анализа на дискреционите овластувања и спроведените активности, и истата беше понудена да се користи како инструмент во спроведување на проектот.
- Се информираше и за активноста на ДКСК во утврдување на привилегиите на сегашните и минатите функционери, особено во делот на трошењето на буџетските средства, за што ДКСК се обратила до приближно 350 институции. По обезбедување на податоците се очекува подготовка на опсежна анализа.
- Се отвори прашањето за капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата, просторни, човечка екипираност и техничка опременост, и напорите околу докомплетирање и доекипирање,
- Фокусот и активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот по нивното назначување: процесот на следење на изборите и финансирањето на политичките партии и изборни кампањи, остварувањето на зголемените надлежности на ДКСК во услови на несоодветен простор и недоволно човечки капацитети
- Активностите кој што ќе се спроведат во рамките на изготвувањето на Националната стратегија за борба против корупција и судир на интереси исто така беше тема на разговорот.