Вие сте овде:

Известување за предмети со наводи за непотизам од 11-та седница на ДКСК

Комисијата изврши анализа на постапките за вработувањата врз основа на наводи за непотизам поврзани со предметите отворени по сопствена иницијатива и по допрен глас.

Статистички гледано вработени се 11 Блиски лица на 7 пратеници,  2 Блиски лица на –2 Министри, три блиски лица на три градоначалници.
Најголем број од вработувањата се:
во ЕЛЕМ 7 се, а по две вработувања се во основни училишта, МВР, ЦРРСМ, едно во општина, едно во МЗШВ, едно во училишен дом, едно во МЕПСО, едно во Агенција за супервизија, и ФИТР


Закони врз основа на кои е извршено вработувањето:

Закон за работни односи- ЗРО – 11 вработувања;

Закон за основно образование – 2 вработувања;

Закон за административни службеници 2- вработување;

Закон за внатрешни работи – 2 вработувања

Од вкупно 18 предмети 

  • 1. Два предмети се веќе затворени поради отсуство на елементи врз основа на кои може да се утврди влијание на носител на јавна функција во постапките за вработување на блиски лица,
  • Станува збор за:
  • - Сара Александрова ќерка на пратеничката Емилија Александрова поради целосно неточни наводи за вработување во Фондот за иновации и технолошки развој. Именуваната никогаш не била вработена во Фондот ниту пак се јавила на оглас за вработување во истиот.
  • - Лила Пеќевска  сопруга на Градоначалникот од Берово Пеќевски Ѕвонко, за која Наводите не се потврдени ниту е утврдено влијание во постапката за вработување, бидејќи истата личност работи во училиштето на определено време уште од 2015 година и нејзиниот работен однос е трансформиран од определено во неопределено по принципот на старо финансирање во 2018 година
  • 2. За два премети се уште чекаме податоци од МВР поради  класифицираност на документите
  • 3. За пет случаи не се потврдуваат наводите за влијание за вработување кај следните лица
    - Цветан Велески, брат на пратеничката Мира Стојчевска за вработување на работно место бравар кранист на определено време во АД ЕЛЕМ подружница РЕК Битола
    - Бесиана Џафери, ќерка на Претседателот Талат Џафери, за вработување на работно место референт за коресподенција и подготовка на тендерска документација за меѓународни тендери во Секторот за развој и инвестиции
    - Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, за вработување во Агенција за супервизија на осигурување-Скопје
    - Иљо Стојчевски, сопруг на пратеничката Мира Стојчевска, за влијание при унапредување во командир на шумска полициска станица Берово
    - Надица Делкова, сопруга на градоначалник Тони Делков, за вработување по основ на старо финансирање на определено време во основно училиште Г, Делчев с. Долни Дисан - Неготино
    Од Извршената анализа во останатите 9 предмети констатирано е следното:
    - Во шест случаи има промени во актите за систематизација во смисла наменско креирање на работни места непосредно пред објавувањето на огласите
    - Во два случаи објавениот оглас не е во согласност со условите утврдени со ситематизацијата, туку со услови што ги исполнува кандидатот
    - како основна алатка за избор на кандидатите се користи Интервјуто,
    - не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификации на кандидатите, ниту има пракса за подготвување ранг листа.
    - Имајќи предвид дека со законските акти не е утврдена обврска за усвојување на процедури за спроведување на постапките за вработување, дискреционото право на одговорното лице се користи во најголем број на случаите.
    - Исто така, Согласно законските акти одбиените кандидати кои конкурирале на огласите добиле само известување дека се одбиени без можност да се жалат ниту да користат било каков друг правен лек.
    Врз основа на утврдените состојби, Комисијата ќе се обрати до надлежните министерства, со предлог да се направи анализа на Законите што регулираат вработувања во јавниот сектор, со цел да се утврдат  ризиците од влијанија  и злоупотреба на дискреционите овластувања во процесот на вработување за што ќе ги извести Владата и Собранието на Република Северна Македонија.