Антикорупциска проверка на легислативата
Државната комисија за спречување на корупцијата во функција на зајакнување и унапредување на својата надлежност за давање мислењa за предлози на закони од значење за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спроведува и антикорупциска проверка на легислативата.
Антикорупциската проверка на легислативата, како исклучителен важен превентивен антикорупциски механизам што се применува во голем број земји, е една од мерките од приоритет 1-Владеење на правото и правосудство – Антикорупциски политики и законодавство, утврдени во Планот на активности на Владата на Република Македонија во согласност со Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија доставен од страна на Европската комисија.
Антикорупциската проверка на легислативата претставува анализа и оцена на формата и содржината на правните прописи. Антикорупциска проверка ги опфаќа сите предлози на закони и по избор закони кои веќе се донесени со цел детектирање, превeнирање и минимизирање на ризиците за можност од корупција и судир на интереси.