Вие сте овде:

Јавна опомена

21.11.2019 - ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА, врз основа на член 22 став 1, член 23 став 1, член 44 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (,,Службен Весник на Република Македонија” број 12/2019), а в.в. со член 24 став 1 од Законот за адвокатура, постапувајќи по предмет за утврдување на состојба на судир на интереси кај лицето Ана Јаневска на  24 -та седница одржана на ден 15 ноември 2019 година, согласно член 77 став 1 и член 79 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе

О Д  Л  У  К  А

На Ана Јаневска, се изрекува мерка  

ЈАВНА ОПОМЕНА

               ЗАТОА ШТО: На барање на Државната комисија за спречување на корупцијата (во понатамошниот текст Државната комисија) не постапила согласно со член 77 став 1 од Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси, односно не ја отстранила состојбата на судир на интереси во која се наоѓа, поради тоа што покрај адвокатската дејност, ја извршува и функцијата член на Советот на општина Пробиштип, што е спротивно на член 44 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси и член 20 и член 24 став 1 од Законот за адвокатура.

              Согласно со член 79 став 2 од Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси јавната опомена од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата на Државната комисија и во средствата за јавно информирање.

О  Б  Р  А  З  Л  О  Ж  Е Н  И Е

              Државната комисија оформи и постапува по предмет за утврдување на состојба на судир на интереси кај лицето Ана Јаневска- адвокат, поради извршување на две функции истовремено.

              Постапувајќи по предметот, Државната комисија констатира дека наведеното лице се наоѓа во состојба на судир на интереси поради тоа што, покрај адвокатската дејност, ја извршува и функцијата член на Советот на општина Пробиштип.  

Вака констатираната состојба е спротивна на одредбите од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси , каде е предвидено дека секое избрано  лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите.

Истото е спротивно и на Законот за адвокатурата каде е предвидено дека на адвокат избран или именуван на јавна функција, вршењето на адвокатската дејност му мирува до престанување на функцијата.

 

Во контекст на наведеното, а во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија согласно со член 77 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси се обрати до лицето Ана Јаневска со барање да преземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од истиот закон, односно во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката да го одстрани судирот на интереси.

Ана Јаневска не постапи по барањето на Државната комисија, односно во законски утврдениот рок доброволно не се откажа од извршување на едната од двете функции кои во моментов ги извршува и не го отстрани судирот на интереси.

Поради наведеното Државната комисија смета дека се исполнети условите утврдени во член 79 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интерес поради што донесе ОДЛУКА  на Ана Јаневска да и се изрече мерката ЈАВНА ОПОМЕНА .  

Врз основа на се, погоре наведено, Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.


Јавна опомена

На барање на Државната комисија за спречување на корупцијата (во понатамошниот текст Државната Комисија) не постапил согласно со член 77 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси, односно не ја отстранил состојбата судир на интереси во која се наоѓа поради истовремено извршување на две функции и тоа: претседател на совет  на Општина  Гевгелија и член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос а што е спротивно на член 44 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси.
Согласно со член 79 став 2 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интерес јавната опомена од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата на Државната комисија и во средствата за јавно информирање.

О  Б  Р  А  З  Л  О  Ж  Е Н  И Е


Државната комисија оформи и постапува по предмет за утврдување на состојба на судир на интереси кај лицето Ташко Дојчинов поради извршување на две функции истовремено.
Постапувајќи по предметот, Државната комисија констатира дека наведеното лице се наоѓа во состојба на судир на интереси бидејќи истовремено ги извршува функциите претседател на совет  на Општина  Гевгелија  и  член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.
Вака констатираната состојба е спротивна на одредбите од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси кои не дозволуваат кумулација на функции како појавен облик на судирот на интереси и се наметнува обврска за откажување на едната од двете спомнати функции.
Во контекст на наведеното, а во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија согласно со член 77 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси се обрати до лицето Ташко Дојчинов со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од истиот закон односно во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката да го одстрани судирот на интереси.

Ташко Дојчинов не постапи по барањето на Државната комисија, односно во законски утврдениот рок доброволно не се откажа од извршување на едната од двете функции кои во моментов ги извршува и не го отстрани судирот на интереси.
Поради наведеното Државната комисија смета дека се исполнети условите утврдени во член 79 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интерес поради што донесе ОДЛУКА  на Ташко Дојчинов да му се изрече мерката ЈАВНА ОПОМЕНА.

Врз основа на се, погоре наведено, Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи како во диспозитивот на оваа одлука. Оваа одлука е конечна и  против неа не е дозволена жалба.

ПРАВНА ПОУКА:  Против оваа одлука може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот.

Одлучено на ден  05 август 2019  година под бр. 09-1698/3


Јавна Опомена

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Маја Манолева поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, службеното лице, покрај функцијата ВД Директор на ЈЗУ „Завод за физикална медицина и рехабилитација“ – Скопје ја извршува и функцијата управител на ПЗУ „ФИЗИОПЛУС Д-Р МАНОЛЕВА“- Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откаже од извршување на една од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе  од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Маја Манолева не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената  мерка ЈАВНА ОПОМЕНА  на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.

Јавна Опомена

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицето Марјан Огњановски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Управен одбор во АД „ГТЦ“- Скопје ги извршува и функциите управител на Трговско Друштво „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје и управител на Трговско друштво ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откаже од извршување на две од трите функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе  од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Со допис доставен до Државната комисија известени сме дека службеното лице направило промена на управувањето на Трговското друштво – ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје, и истото го доверило на лицето Орхидеја Огњановска за што во прилог достави  Решение од Централен Регистер на РМ.

Државната комисија за спречување на корупцијата  по увидот од тековната состојба на наведеното трговско друштво во Централиот регистер на РМ констатира дека е направена промена на управителското место на Трговското друштво – ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје, а како нов управител е назначена Орхидеја Огњановска, а исто така е констатирано дека  не е направена  промена на управувањето на Трговското Друштво „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје.

 

Државната комисија за спречување на корупцијата од увидот во расположивата документација  констатира дека  лицето Марјан Огњановски и Орхидеја Огњановска се блиски лица,  што е спротивно на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.

 

Поради наведеното Државната комисија смета дека се исполнети условите утврдени во член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси поради што донесе одлука  на Марјан Огњановски да му се изрече мерката ЈАВНА ОПОМЕНА .

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената  мерка ЈАВНА ОПОМЕНА  на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста. 

Јавни Опомени

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицата Верица Узунова, Виолета Хаџиева Гиноска и Огнан Миовски, поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции  – извршување на две функции истовремено и тоа:

 

1)     Верица Узунова – кумулација на функции – истовремено со  функцијата директор на ЈП за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простории „ПАРКИРАЛИШТА“ Струмица ја извршува и функцијата член на Надзорен одбор на АД Електрани на Македонија, Скопје;

2)     Виолета Хаџиева Гиноска – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод ја извршува и функцијата управител/овластено лице на ПЗУ Ординација по општа стоматологија ЈУГОДЕНТ Македонски Брод и  

3)     Огнан Миовски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Пехчево ја извршува и функцијата управител на Сметководствено биро ОГНАН ДООЕЛ, Пехчево.

 

      Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси,  Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член  23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, а со цел да се спрече состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

 

 

 

 

Верица Узунова, Виолета Хаџиева Гиноска и Огнан Миовски не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената  мерка ЈАВНА ОПОМЕНА  на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.

Јавни опомени

31.07.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицето Мустафа Мандал поради кумулација на функции  – извршување на две функции.

Имено, службеното лице, покрај функцијата директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија ја извршува и функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе ја спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Мустафа Мандал не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената  мерка ЈАВНА ОПОМЕНА  на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста


12.05.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Соња Каркалашева поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Училишен одбор на ООУ „Петар Мусев“ Богданци ја извршува и функцијата управител на две трговски друштва: Друштво за трговија и услуги АЛУМИНКО – АЛЕКС ДООЕЛ Богданци и Друштво за производство, трговија, градежништво и услуги БОДИГ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт-импорт Богданци.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на една од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Соња Каркалашева не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.  


24.02.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Теодор Андоноски поради кумулација на функции – извршување на две функции.

Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Управен одбор на Државен студентски дом „Никола Карев“ - Охрид ја извршува и функцијата Неизвршен член на Одбор на директори во ЕМО АД Охрид.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе ја спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Теодор Андоноски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.


16.11.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Шпенд Халили поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси:

Шпенд Халили - повреда на член 9 од Законот за спречување на судирот на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈП Градски Паркинг Тетово ја извршува и функцијата управител на Трговското друштво–ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт - импорт, с. Шипковица – Тетово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на функцијата управител на Трговското друштво – ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт - импорт, с. Шипковица – Тетово. 

 

Шпенд Халили не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена. Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 


21.10.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Анѓелчо Узунов поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Анѓелчо Узунов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судирот на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈП Комунална Чистота – Богданци ја извршува и функцијата управител на Трговското друштво–ДТУ „АРНИ ВЕТ“ ДООЕЛ, с. Стојаково – Богданци.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на функцијатауправител на Трговското друштво – ДТУ „АРНИ ВЕТ“ ДООЕЛ, с. Стојаково – Богданци. 

 

Анѓелчо Узунов не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена.
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.


13.10.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Пецо Талевски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Пецо Талевски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со член на Советот на Општина Новаци ја извршуваше и  функцијата управител на Приватната здраствена установа – Ординација по општа медицина „Д-р.Перо Талевски“, село Дедрбалци, Могила П.О.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Пецо Талевски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на Приватната здраствена установа – Ординација по општа медицина „Д-р.Перо Талевски“, село Дедрбалци, Могила П.О., ја назначил лицето Светлана Костоска -Талевска, која е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси, за таа цел Државната комисија, повторно се обрати до Пецо Талевски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето,  да постапи по укажувањето на Државната комисија.

Пецо Талевски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лице да му се изрече мерка јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање. Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.

 


05.09.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Незаретин Шерифовски и Медија Јахја поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

1) Незаретин Шерифовски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Ресен, управител на Приватна здравствена ординација-аптека „ХРИЗАНТЕМА“ П.О. Ресен и управител на трговско друштво-Друштво за производство, трговија на голема и мало, транспорт, услуги и угостителство „ЕПЛ ТРЕЈД КОМПАНИ-БАМБИ“ ДООЕЛ увоз-извоз Ресен.

2) Медија Јахја – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Маврово и Ростуше и управител на Друштво за трговија угостителство и занаетчиство „ЛОКУВ ИМПОРТ 94“ Медија ДООЕЛ с.Требиште-Ростуше.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Незаретин Шерифовски и Медија Јахја не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.


15.07.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Лавдурим Вејселовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно, именуваното лице, покрај функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ја извршуваше и функцијата управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Лавдурим Вејселовски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа, го назначил лицето Цено Вејселовски, кое е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси, за таа цел Државната комисија, повторно се обрати до Лавдурим Вејселовски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да постапи по укажувањето на Државната комисија.

Лавдурим Вејселовски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.


15.06.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Исни Сума и Муса Муслија поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Исни Сума– повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата Член на Надзорен одбор во Јавно Сообраќајно Претпријатие - Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво –ДТУ „ДАРДАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ ДООЕЛ, Скопје.

Муса Муслија – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Одбор на директори во АД „Водостопанство на РМ“ – Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДПТГ ПРО – ИНЖЕНЕРИНГ ДОО експорт –импорт Тетово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.

Исни Сума и Муса Муслија не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.


04.05.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Филип Секулоски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси

Имено, службеното лице, покрај функцијата Член на Управен одбор на ЈКП „Комуналец“ - Прилеп ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДППУТ „САМ САР“ – увоз – извоз ДООЕЛ Прилеп.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажe од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстрани повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.

Филип Секулоски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.


04.04.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Љубомир Јосифовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, избраното лице, покрај функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за обработка на податоци, хостирање и слични дејности „ИНФОГРУП“ ДОО Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Љубомир Јосифовски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.


13.03.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Никола Зафиров и Осман Мислими поради кумулација на функции и тоа:

1) Никола Зафиров – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на орган за надзор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино ја извршува и функцијата член на Управен одбор во ЈП Комуналец Неготино.

2) Осман Мислими - кумулација на функции – истовремено извршува три функции и тоа: член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за државни патишта, член на Надзорен одбор на Агенција за катастар на недвижности и член на Надзорен одбор во АД „Славија“ увоз-извоз, Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на една од двете, односно две од трите функции, кои истовремено ги извршуваат со што ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Никола Зафиров и Осман Мислими не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.

 

 


03.03.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев поради повреда на член 9 и член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:

 

  1)Неџат Исмаили – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Маврово и Ростуше на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија угостителство, транспорт, градништво и услуги „БАБЕ КОМЕРЦ Н.И.“ ДООЕЛ, експорт-импорт с.Жировница, Маврово и Ростуше.

  2)Шукрија Туфекџиоски - член на Совет на Општина Кичево – повреда на член 9 во врска со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговско друштво-Друштво за трговија, производство и услуги Шукрија Туфекџиоски „ШУКО ГРОС“ ДООЕЛ увоз-извоз Кичево, како нов управител ја назначил Ајтен Туфекџиоски, по што според Законот за спречување на судир на интереси и гореспомнатиот член од истиот закон таа е блиско лице.

 

·  3)Ристо Јошев - член на Совет на Општина Росоман – повреда на член 9 во врска со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговско друштво-Друштво за трговија и услуги „РИА“ ДООЕЛ увоз-извоз Росоман, како нов управител ја назначил Јана Јошева, по што според Законот за спречување на судир на интереси и гореспомнатиот член од истиот закон таа е блиско лице.