Јавен повик

21.03.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15,  153/15 и 190/16 ) и Одлуката на Владата на Република Македонија, бр. 42-8178/1 од 16.11.2016 година, за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, („Службен весник на Република Македонија“  бр. 207/16), објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, за движни ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на ДКСК.

Избраните правни лица на јавниот повик имаат обврска да извршат преземање на движните ствари предмет на јавниот повик и истите да ги транспортираат како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во просториите на ДКСК – ул. Даме Груев бр. 1 - Скопје.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Сашко Колев, телефон за контакт: 072 236 473, електронска адреса:  sashko@dksk.org.mk.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на ДКСК на ул. Даме Груев’’ бр. 1 - Скопје или електронски, преку следниот линк објавен на веб страната на ДКСК.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е  5 (пет) дена сметано од првиот нареден ден од денот на објавата на јавниот повик.

Предметната постапката за избор, со оглед на тоа што истата се спроведува во периодот до избор на Влада на Република Македонија, ќе се спроведе до фаза на склучување на договор, односно договорот со избраното(ите) правно(и) лице(а), ќе биде склучен по избор на Влада на Република Македонија.

 

Инструкциите можете да ги превземете тука.