Онлајн настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата
На 9 декември 2020 година, од 11:00 до 12:30 часот, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе одржи настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
На настанот ќе бидат претставени клучните активности и идни предизвици во борбата против корупцијата и судирот на интереси, а обраќања ќе имаат претставници на законодавната и извршната власт, меѓународната заедница и граѓанскиот сектор, по што ќе следува дискусија.
Учеството на настанот ќе се одвива онлајн. Сите заинтересирани да бидат дел од настанот ќе можат да пристапат на онлајн платформата преку следниот линк:
https://zoom.us/j/93043799512?pwd=QjlLWXljWFdlRmFDai93MHE4WWZuQT09
Настанот е заеднички организиран и поддржан од ЕУ проектот ИПА II „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација”.
42-ра седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 42-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 27.11.2020 година(петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Методологија за антикорупциска проверка на легислативата;
2. Усвојување на Практично упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата на Република Северна Македонија;
3. Постапување по предмети од Годишен план за следење на имотната состојба и интереси;
4. Постапување по конкретни предмети.
41-ва седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 41-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 11.11.2020 година(среда), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување по конкретни предмети;
40-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 40-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 06.11.2020 година(петок), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 38-та седница на ДКСК;
2. Постапување по конкретни предмети;
3. Реализирани и тековни активности;
Прес-конференција на ДКСК - 21.10.2020 г.
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 21.10.2020 година (среда), со почеток во 11:30 часот пред просториите на ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ќе одржи тематска прес-конференција во врска со Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година.
Соопштение
Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа сакаме да ве известиме дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ. Исто така, сакаме да појасниме дека Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции. Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот.
ДКСК оствари средба со Министерот Маричиќ
Време: 01.10.2020
Место: Државна комисија за спречување на корупцијата
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде оствари средба со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.
Во фокусот на денешната средба беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.
На состанокот се дискутираше и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутираше и околу потребата за носење на Закон за потекло на имот.
Воедно, на средбата се дискутираше и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.
39-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 39-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 02.10.2020 година(петок), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 30-та седница продолжение, Записник 36-та седница и Записник од 36-та продолжение на ДКСК;
2. Извештаи од антикорупциска проверка на легислатива:
- Закон за високото образованието(„Службен весник“ број 82/2018) член 174 став 9 и член 176 став 3
- Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република С. Македонија“ бр.14/2020)
- Правилник за начинот на работа и користење, просторните, техничко-технолошките и другите карактеристики на надзорниот информациски систем, обемот и начинот на неговото следење и начинот на неговото поврзување и размена на податоците со информацискиот систем на Управата за jавни приходи;
- Закон за трговските друштва (член 346 )
- Закон за здравствената заштита со фокус на одредбите за вработување на здравствени работни, односно соработници и можноста да примаат спонзорства и донации од физички или правни лица;
3. Информации по предмет 12-2830 во однос на користење на буџетски средства од страна на државните органи;
4. Информирање за исполнување на обврската за доставување на анкетен лист за престанок за функцијата пратеник во мандатен период 2016-2020 година;
5. Постапување по конкретни предмети.
РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИФЕС
Време: 28.09.2020
Место: Државна комисија за спречување на корупцијата
На 28.09.2020 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателката и членовите на Државната комисија остварија средба со претставници на ИФЕС на која беше разговарано за постапувањето на ДКСК за време на изборниот период на предвремените парламентарни избори 2020 година.
На средбата накусо беа презентирани резултатите од преземените активности согласно Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси од страна на ДКСК поврзани со следењето на финансирањето на изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година.
Од страна на претставниците на ИФЕС беше изразен интерес за тоа во која насока ќе се одвива натамошното постапување на ДКСК и кои активности се планираат да бидат преземени во рамките на претстојните локални избори 2021 година.
Присутните се согласија за продолжување на натамошната воспоставена соработка во форма на одржување на регионални online конференции, пристапи до бази на податоци поврзани со финансирање на политичките партии и изборните кампањи и изборите воопшто.
Работен состанок со Министерот за образование и наука г-ѓа Мила Царовска
Време: 25.09.2020
Место: Државна комисија за спречување на корупцијата
Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа тематски работен состанок на кој присутните се осврнаа на областа образование инкорпорирана во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со акцент на ризичните точки и начините за подобрување и надминување на истите. На состанокот беше договорено да се интензивира соработката во постапувањето на ДКСК по предмети од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси во образованието.
Презентација на резултати од спроведена проценка на ризик од корупција во постапките за вработувања
Место: Хотел Мериот – Скопје.
Време: 24 септември 2020 година, 13:30 часот
Институција: Државна комисија за спречување на корупцијата во соработка со МИОА и НВО Транспаренси Интернешнл Македонија
Законски решенија и подзаконски акти кои оставаат простор за дискреција при регрутација на кадар во јавниот сектор, како и при унапредување и наградување на вработените, не прецизирана постапка за избор, отчетност и разрешување на директори и членови на управни одбори, не ефикасност и не ефективност на контролните механизми во постапките за вработување (издавање одобренија и согласност, образложени одлуки, запознавање на јавноста со преземените мерки односно исходите од спроведените инспекциски надзори) дисперзија во платите на вработените во јавниот сектор, диспропорција во однос на број на вработени, користење на привремените вработувања како можност за заобиколување на редовната постапка за избор на кандидати, неефикасна и не ефективна обука на вработените во јавниот сектор, користење на подзаконските акти како можност за вработување на нестручен кадар, распишување на огласи во предизборие, формирање на органи за само едно лице, се само дел од нотираните слабости или ранливи точки во службеничкиот систем во РСМ.
Сите препораки ви се достапни во следните ПДФ табели:
Целото соопштение - ТУКА.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека на 38-та седница која беше отворена на 04.09.2020 година и во неколку продолженија траеше заклучно со 15.09.2020 година, постапуваше и одлучуваше по конкретни предмети и разгледуваше прашања поврзани со редовното функционирање на институцијата. На седницата беа донесени одлуки за 53 предмети од областа на корупцијата, 17 од судир на интереси и 5 предмети од имотна состојба, кои ќе бидат објавени и достапни на веб страната на комисијата во делот информации за јавноста. Исто така, ДКСК донесе одлуки во кои што го запре своето постапување за предметни барања, односно по преземени процесни дејствија ја утврди фактичката состојба и констатираше дека нема елементи за понатамошно постапување.
Од постапувањето по конкретен предмет – пријава за судир на интереси произлезе покренување на една иницијатива за утврдување на одговорност на службено лице поради постапување спротивно на член 74 став 1 и член 75 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не постапило согласно член 3 став 1 и 2 и член 4 од истиот закон.
Соопштение
На 04 септември 2020 година, со почеток во 09.00 часот во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше работна средба меѓу Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски и Претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Средбата се реализираше заради иницијално запознавање, со работа и надлежностите и на ДКСК и на Заменик претседателот на Владата, предизвиците поврзани со истите и можностите за меѓусебна соработка и координиран пристап во севкупната борба против корупцијата.
На состанокот се осврнаа на повеќе работи:
- - Законот за спречување корупција и судир на интереси, надлежностите и опфатот на работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, издвојувајќи ги антикорупциската проверка на легислативата и детектирање и намалување на дискреционите овластувања на избраните и именуваните лица
- - Потребата од измени на Законот, врз основа на воочените проблеми констатирани од негова имплементација
- - Проблемите со просторната, човечката екипираност и техничката опременост на Државната комисија за спречување на корупцијата
- - Важноста на ДКСК во системот за борба против корупцијата, но и потребата од тесната соработка со Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, вклучувајќи имплементација на препораките од V-от круг на ГРЕКО,
- - Се понуди поддршка за остварување на некој од отворените прашања на Државната комисија за спречување на корупцијата како што се обезбедување на деловен простор, како и обезбедување на доволно буџет за остварување на законските надлежности на ДКСК во насока на изработка на софтверско решение за пополнување и електронско доставување на образецот за имотна состојба и интереси и за Регистарот за избрани и именувани лица.
Вицепремиерот Николовски, понуди отворена соработка и поддршка за непречено функционирање на ДКСК.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 04.09.2020 година (петок), со почеток во 10:00 часот ќе ја одржи 38-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 38-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на медиуми.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 38-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 04.09.2020 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 28-та седница, Записник од 31-та седница и Записник од 35-та седница на ДКСК и
2. Постапување по конкретни предмети.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 24.08.2020 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот ќе ја одржи 37-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 37-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на медиуми.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 37-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 24.08.2020 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување по конкретни предмети.
Известување
Согласно член 85-б став 1 Учесникот во изборната кампања е должен во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг и вториот круг на гласање доколку се одржува, да поднесе извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг, односно најкасно до 01 август 2020 година.
Наведените извештаи можете да ги доставите во архивата на Државната комисија на ден сабота, 01.08.2020 година од 08 – 16 часот или на електронската адреса на Државната комисија contact@dksk.org.mk
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 23.07.2020 година (четврток), со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи 36-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 36-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на медиуми.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 36-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 23.07.2020 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 30-та ( продолжение), 32-та и 33-та и 34-та седница на ДКСК;
2. Предлог- одлука за заменик- претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата;
3. Предлог- одлука за овластување на потписници на сметката на Државната комисија за спречување на корупцијата;
4. Утврдување на пречистен текст на Деловник за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата;
5. Постапување по конкретни предмети.
Соопштение
Заради целосно информирање на јавноста во врска со Одлуката на ДКСК донесена на јавната седница одржана на 17.07.2020 година, со која се запре постапувањето по предмет оформен по сопствена иницијатива, а во врска со сомневања за прекршување на член 8-а став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за спроведената постапка за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, ДКСК го дава следното објаснување:
Постапката по овој предмет е запрена поради ограничените рокови утврдени во членот 33, по кој истата беше поведена.
Постапувањето во врска со наведените сомневања ќе продолжи како редовна постапка.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 17.07.2020 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје ќе ја одржи 35-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 35-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО на медиуми, а истите седницата ќе можат да ја следат преку видео-конференциска врска обезбедена од ДКСК.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 35-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ке се одржи на ден 17.07.2020 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратениците на уп."Метрополит Теодосиј Гологанов" 6p.54 Cкoпje, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување на ДКСК по предмет оформен по сопствена иницијатива со број 12-2400/1 од 13.07.2020 година, заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на Ректор на Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” Скопје.
2. Постапување по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година.
Соопштение
На 14 јули 2020 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Претседателот и заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата и Амбасадорот на Велика Британија, Нејзината екселенција Рејчел Галовеј.
Средбата беше реализирана заради тековно запознавање со преземени активности на едногодишното работење на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата на Велика Британија во Скопје.
На средбата, учесниците се осврнаа на неколку области:
- Од страна на Британската амбасадорка беше изразен интерес за резултатите од досегашното едногодишно работење на актуелниот состав на ДКСК во делот на спречување на корупцијата и судирот на интереси,
- Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска накусо информираше за изготвувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и нејзиното доставување до Собранието на РСМ, за преземените активности на ДКСК во текот на претседателските избори 2019 година и изготвувањето на Посебниот Извештај за констатираните состојби за финансирањето на изборната кампања 2019 година, како и за резултатите од постапувањето по конкретни предмети со сомнеж од корупција за кои ДКСК достави иницијативи за поведување на кривично гонење пред Јавното обвинителство на РСМ,
- Се отвори за прашањето за капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата, немање соодветни просторни услови, недоволен стручно технички кадар како и проблемот со изнаоѓање на финансиска поддршка за неопходната техничка опременост за ефикасно извршување на задачите и надлежности на ДКСК,
- Заменик претседателот на ДКСК Катица Николовска накусо информираше за процесот на следење на изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020,
- Од страна на Британската амбасадорка беше изразен интерес во која насока ќе се одвива натамошното постапување на ДКСК
- Претседателката на ДКСК информираше за планираните активности во наредниот период, како и за планираните конкретни активности кои ќе се преземат во делот на набавка и изработка на софтверско решение за прием и обработка на изјавите за имотна состојба и судир на интереси, како и изработка на Регистар на избрани и именувани лица.
Присутните на средбата се согласија за успешно воспоставената соработка и понатамошна поддршка на полето на спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 10.07.2020 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје ќе ја одржи 34-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 34-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО на медиуми, а истите седницата ќе можат да ја следат преку видео-конференциска врска обезбедена од ДКСК.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 34-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 10.07.2020 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување на ДКСК по доставени приговори од учесник во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година:
- Приговор со број 12-2368/1 од 07.07.2020 год. поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и
Коалиција “Обнова за Македонија” преку овластен потписник Игор Јанушев
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 08.07.2020 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје ќе ја одржи 33-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 33-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО на медиуми, а истите седницата ќе можат да ја следат преку видео-конференциска врска обезбедена од ДКСК.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 33-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 08.07.2020 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување на ДКСК по доставени приговори од учесник во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година:
- Приговор со број 12-2323/1 од 03.07.2020 год. поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и
Коалиција “Обнова за Македонија” преку овластен потписник Игор Јанушев
2. Постапување на ДКСК по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 07.07.2020 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје ќе ја одржи 32-та седница со дневен ред во прилог.
Имајќи ги во предвид препораките на владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 32-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО на медиуми, а истите седницата ќе можат да ја следат преку видео-конференциска врска обезбедена од ДКСК.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (“Сл.весник на РМ” бр.12/19), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 32-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 07.07.2020 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратениците на ул.“Метрополит Теодосиј Гологанов” бр.54 Скопје, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Постапување на ДКСК по доставени приговори од учесник во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година:
- Приговор со број 12-2316/1 од 02.07.2020 год. поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и
Коалиција “Обнова за Македонија” преку овластен потписник Игор Јанушев
- Приговор со број 12-2317/1 од 02.07.2020 год поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и
Коалиција “Обнова за Македонија” преку овластен потписник Игор Јанушев
- Приговор со број 12-2318/1 од 02.07.2020 год. поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и
Коалиција “Обнова за Македонија” преку овластен потписник Игор Јанушев.
Соопштение
По повод започнувањето на Изборната кампања за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата сака повторно да им укаже на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата на нивната обврска за доследно почитување и примена на одредбите на членовите 8-а и 8-б од Изборниот Законик, како и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а се однесуваат на ограничувања и забарани на одредени активности во изборен период. И со објавеното соопштение од 17.02.2020 година и сега, ДКСК потсетува на СЛЕДНОВО.
Соопштение
Во состојба на отсуство на претседател на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ), во сегашнава ситуација ректорот во својство на претседавач со Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот. Имено, согласно член 98 став 1 точка 2 од Законот за високото образование ректорот ги извршува одлуките и заклучоците на Сенатот, додека согласно член 162 од актуелниот Статут на УКИМ претседателот на Сенатот (во овој случај ректорот како претседавач) е одговорен за законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот. Со тоа во сегашната ситуација ректорот се поставува во позиција самиот себе да се контролира. Затоа не случајно во Законот за високото образование е предвидено воведување на нова функција – преседател на Сенат, при што согласно член 97 став 7 од Законот за високото образование - Ректорот и проректорите се членови на Сенатот по положба, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседатели на сенатот. Исто така во член 150 од актуелниот Статут на УКИМ е изрично наведено дека ректорот и проректорите се без право да бидат избрани за должноста претседател на Сенатот.
Целото соопштение можете да го погледнете ТУКА.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на 12.06.2020 година (петок), со почеток во 09:00 часот, ќе ја одржи 31-та седница, со дневен ред во прилог.
Имaјќи ги во предвид препораките на Владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето просторни услови за присуство на медиуми во овој период, 31-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на медиуми.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 31-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 12.06.2020 година(петок), со почеток во 09:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 30-та седница на ДКСК;
2. Усвојување на Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019 година;
3. Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата;
4. Усвојување на Предлог Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на ДКСК со табеларен приказ и усвојување на Предлог-Правилник за внатрешна организација на Секретаријатот на ДКСК со органограм;
5. Постапување по конкретни предмети.
Соопштение
ДКСК ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и истата да ја применат преку конретни мерки и активности. Владеењето на законот мора да се почитува без исклучок, а во случајов да се постапи согласно незаконското располагање на крајбрежјето на Охридското езеро. Имено, договорите за краткотраен закуп на плажите во Охрид и Струга се истечени од 2016 година до денес, а дополнително на тоа останува да се постапи и да се спроведе законот за бесправно изградените објекти и да се обезбеди владеење на правото во ова подрачје и во целата држава. Дотолку повеќе што се работи за подрачје заштитено од УНЕСКО, а локалните функционери не само што не ги извршуваат своите ингеренции и делумно ги спроведуваат законите, туку си дозволуваат и непримерно однесување и се поставуваат над законот.
Соопштение
ДКСК постапувајќи по пријава во врска со функционирањето на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и најавата за отпочнување на постапка за избор на Ректор на универзитетот, спроведе проверка на постапувањата на Ректорот во однос на усогласеноста со Законот за високо образование и со Статутот на УКИМ, како и од аспект на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси дали овие активности лицето, во овој случај Ректорот ги води во ситуација што може да се оквалификува како состојба на судир на интереси заради следниве околности:
- Ректорот постапувајќи од позиција на претседавач на Сенатот на УКИМ, презема активности за формирање Универзитетска изборна комисија за избор на ректор, со што доколку се јави како кандидат за нов мандат за ректор директно се доведува во состојба на фактички судир на интереси;
- Иако Статутот на УКИМ е донесен во јуни 2019 година, досега не е спроведена постапка за избор на претседател на Сенатот, ниту пак е дадено право на највозрасниот член на Сенатот да ги врши работите на претседател на Сенат, што е предвидено со член 159 од Статутот.
- Постапувањата за започнување и за спроведување избор на ректор во вонредна состојба, се спротивни на Уредбата на ВРСМ објавена во Службен весник бр. 76 од 24.03.2020 година, каде се вели дека за време на траењето на вонредната состојба, мандатот на членовите на органите и телата се продолжува до завршувањето на вонредната состојба.
Ова дотолку повеќе што со Статутот на УКИМ, донесен на 28.06.2019 година, попрецизно се уредени постапките за избор на органите и телата на Универзитетот. Имено, со член 159 од Статутот на УКИМ претседателот на Сенатот се бира од редот на сенаторите, а до неговиот избор, работите од надлежност на претседател на Сенат ги врши највозрасниот присутен член на Сенатот. Актуелниот ректор покрај функцијата ректор, врши улога на претседавач на Сенат, користејќи ги преодните и завршните одредби од новиот закон, во смисла дека ректорите, проректорите ... ја вршат својата функција до истекот на нивниот мандат, иако и со Законот за високо образование и Статутот е јасно дека тоа е нова функција.
Врз основа на утврдените состојби, ДКСК ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат за вршење вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на УКИМ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ, за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите надлежности.
Членовите на ДКСК донираа парични средства за справување со Ковид-19 кризата
Соопштение на ДКСК во врска со третиот сет економски мерки
Во врска со третиот сет економски мерки кои ги предлага Владата на Република Северна Македонија, Државната Комисија за спречување корупција и претставник од Платформата на граѓанските здруженија за борба против корупција на ден 21 и 22 Мај 2020 година остварија работна средба со министерката за финансии Нина Ангеловска, и со советникот за економски прашања во Владата на РСМ Фатмир Битиќи, кои, во детали ги објаснија мерките од третиот пакет. Прашањата на ДКСК и претставникот на платформата беа насочени кон можното влијание на мерките врз гласачите доколку предвремените избори наскоро се одржат, при што фокусот беше ставен на следните аспекти:
- Дали мерките се носат поради неопходна потреба, нужност и итност, односно дали се тесно поврзани со причина која предизвикала настанување на вонредната состојба
- Кои се критериумите за определување на целната група корисници
- Дали се почитува начелото на транспарентност и отчетност
Од образложението на министерката и на советникот се информиравме дека при подготовка на мерките се следеле препораките на ЕК и ОЕЦД кои се дадени во насока на опоравување на земјите погодени од пандемијата. Мерките се темелат на спроведена анализа и проценка на состојбите во домашната економија, на компаративна анализа со земјите од регионот, како и анализа на ефектите од презементите мерки. Исто така бевме известени дека само четири мерки е можно по брзо да се реализираат, откако ќе бидат целосно завршени сите делови од процесот на подготовка, што е извесно да се случи во третиот квартал на годината.
Како што беше наведено, мерките биле подготвени низ екстензивен консултативен процес со многу експерти и претставници на коморите и политички партии од опозицијата, со единствена цел да се стимулира потрошувачката и да се поткрепи домашната понуда, односно да се намалат последиците од кризата во економијата. Станува збор за мерките: Домашна платена картичка од 9.000 денари и Поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6.000, денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари со кои се опфатени ранливи категории и семејства кои имаат приход помал од 15.000 денари. Изборот на корисниците на оваа мерка ќе се врши системски односно електронски врз основа на вкрстување на податоците од Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, при што во Генералниот Секретаријат ќе се креира платформа на корисници. Со тоа се избегнува ризикот од селективен избор на корисниците, а краткиот рок од 30 дена за реализација на мерките дава уверување дека преку зголемената потрошувачка на населението ќе се ублажат последиците што ги трпи економијата од кризата.
Мерката: Награда на докторите и медицинскиот персонал на инфективните одделенија, во овој период на пандемија не е предмет на проценка од аспект на ризик на влијание врз гласачкото тело.
Мерката: Надомест за невработеност за лицата кои го изгубиле работното место не е нова мерка туку е дополнета со бројот на лицата кои спогодбено останале без вработување.
Државната комисија за спречување корупција во функција на почитување на начелото на транспарентост и добро управување укажува на следното:
- Да не се врши промовирање на мерки чие спроведување е веќе во тек и за кои јавноста е веќе запознаена, како и на мерки кои не се непосредно поврзани со санирање на последиците од здравствената криза,
- Да се внимава едно лице да не користи надоместоци од различни мерки,
- Да се обезбеди целосна транспарентност за лицата кои како корисници ќе бидат опфатени со секоја мерка поединечно.
Можноста преку електронска платформа секој граѓанин да го следи процесот ќе обезбеди почитување на начелото на транспарентност во спроведувањето на мерката.
Државната комисија во рамките на своите надлежности ќе ја следи реализацијата на мерките во претстојниот период.
Соопштение
На 30-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата беа разгледани повеќе прашања во врска со постапувањето на комисијата.
Во врска со предметот кој ДКСК го отвори по сопствена инцијатива по наводи изнесени во медиуми и сомневање за злоупотреби и незаконитости поврзани со продажбата на парцелата за објект што ќе се гради кај паркингот спроти Холидеј Ин во центарот на Скопје и по предмет оформен по пријава во која се содржани наводи за одредени неправилности при водење на постапката за денационализација која се однесува на спорни катастарски парцели во општина Центар, ДКСК констатира:
1. Продажбата на парцелата ја извршило МТВ врз основа на извод од ДУП кој не се применува согласно Одлука донесена од Советот на општина Центар за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови. Изводот од планот го издал Градоначалникот на општината, за наводно решавање на имотно правни односи иако во барањето од подносителот е наведено дека Изводот од ДУП-от е потребен за дооформување на парцела. Изводот издаден од Градоначалникот не содржи известување/ напомена дека ДУП от за кој се издава изводот е под мораториум и може да претрпи измени при негова ревизија.
2. Државниот правобранител доставил Мислење до МТВ во кое наведува дека нема правни пречки за продажба на земјиштето. Во дописот до ДКСК, ДП истакнува дека градежното земјиште е отуѓено врз основа на важечки ДУП од 2012 година и укажува дека како прилог кон документацијата доставена со барањето е и Изводот од ДУП от издаден од Градоначалникот на општина Центар.
3. Дел од земјиштето што го продава МТВ, 625м2 е на семејство што започнало процес на денационализација во 2003 година. Но поради измени во Законот за денационализација од дек 2010 год (Сл. Весник 72/10) според кои се дозволува располагање со имот што е предмет на денационализација, земјиштето е продадено пред да биде завршен процесот на денационализација. Пред оваа измена постоела апсолутна забрана за располагање со имотот предмет на денационализација без никакви дополнителни услови, со што се заштитувал имотот предмет на денационализација, правата на поранешните сопственици или нивни наследници врз тој имот и се овозможувало остварување на целта на законот – враќање на имотот на сопствениците/наследниците.
Наведената измена не е во согласност со Уставот на РМ, според кој граѓаните се еднакви пред Уставот и законите, а правото на сопственост е една од темелните вредности на уставниот поредок. Поради тоа ДКСК ги предлага следниве мерки:
1. Оценка на уставноста на член 64 од Законот за денационализација.
2. Поради фактот што земјиштето е продадено во време на мораториум кога ДУП се ревидира и може да претрпи измени и постои реален ризик од влијанија на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на ревидирање и донесување на ДУП от од страна Советот на општината, ДКСК укажува дека Градоначалникот и Советот на општина Центар треба да се придржуваат на стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето, подобрување на условите преку плански одредби кои воведуваат повисоки стандарди во однос на постојната состојба или во однос на претходниот урбанистички план, хармонизација и хуманизација на просторот со плански одредби кои ќе ја штитат и стимулираат приватната сопственост, но на начин кој нема да го повреди јавниот интерес.
3. Со оглед на големиот интерес на јавноста и сензибилноста на ова прашање, ДКСК ќе покрене иницијативи за преоценка на законските решенија со помош на кои се овозможува системска/законска корупција и ќе ја следи судбината на оваа парцела со решенијата што ќе бидат предложени во ДУП-от.
ДКСК постапувајќи по предмети во врска со бесправно изградените објекти на Охридско-Струшкото крајбрежје ја повикува Владата на Република Северна Македонија да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите на сите општини за уривање на бесправно изградените објекти во регионот под заштита на УНЕСКО.
Во однос на постапувањето по предмет во врска со неправилности во работењето на директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, ДКСК одлучи да поднесе иницијатива до Владата на Република Северна Македонија за утврдување на одговорност на директорот.
Имајќи ја предвид содржината на добиените документи ДКСК оцени дека има елементи за основи за сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на именуваниот директор за што до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе иницијатива за кривична одговорност.
ДКСК одлучи да постапува по сопствена иницијатива врз основа на наводи во медиумите за ангажирањето на поедини нотари за потпишување на нотарските акти во врска со одобрени апликации од првата бескаматна кредитна линија КОВИД -1 од страна на Развојната Банка на Република Северна Македонија.
По добиени информации за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, за примање на средства додека ја вршел јавната функција Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи да постапува согласно своите законски надлежности.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги анализираше информациите кои надлежните институции ги доставија во врска со донациите и странската помош за справување со пандемија со COVID-19 и договори состанок со Инспекцискиот Совет со цел натамошно постапување.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на 15.05.2020 година (петок), со почеток во 10:00 часот, ќе ја одржи 30-тата седница, со дневен ред во прилог.
Имaјќи ги во предвид препораките на Владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето просторни услови за присуство на медиуми во овој период, 30-тата седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на медиуми, а по завршување на седницата, Државната комисија ќе испрати соопштение за информирање на јавноста, кое ќе биде објавено и на ВЕБ страницата на ДКСК.
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 30-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 15.05.2020 година(петок), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Усвојување на Записник од 26-та седница, Записник од 27-та седница и Записник од 29-та седница на ДКСК;
2. Предлог -одлука за утврдување и ставање во употреба лого на Државната комисија за спречување на корупцијата ;
3. Усвојување на Извештајот за остварување на Државната програма 2016-2020 година за период јануари 2016-јули 2019 година
4. Постапување по конкретни предмети.
Соопштение
Соопштението на ДКСК од 29 Април се однесува на постапувањето на Уставниот суд во смисла дали постои судир на интереси на уставните судии во конкретното постапување, односно дали Уставниот суд треба или не треба да постапува по иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Уредбите со законска сила за определување на висината на платата на избраните и именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба (Сл. бесник на РСМ бр.97/2020 и Сл. Весник бр. 100/2020).
Ставот на ДКСК произлегува од надлежноста на Уставниот суд утврдена со Уставот, според која, Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот.
Соопштението што го објави ДКСК не се однесува на содржината на донесеното Решение со кое Уставниот суд го запира извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбите со законска сила, бидејќи за тоа е надлежен и одговорен Уставниот суд.
Соопштение 29.04.2020 г.
Во врска со постапувањето на Уставниот суд за прифаќање на иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Уредбите со законска сила за определување на висината на платата на избраните и именуваните и назначените лиза во јавниот сектор за време на вонредна состојба (Сл. бесник на РСМ бр.97/2020 и Сл. Весник бр. 100/2020) за време на вонредна состојба како и донесување на Решение со кое Уставниот суд го запира извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбите, ДКСК смета дека не постои судир на интереси кај уставните судии во конкретното постапување. Имено, имајќи предвид дека надлежноста на Уставниот суд е утврдена само со Уставот, а Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност.
Соопштение по одржана 29-та седница на ДКСК
По одржаната 29-та седница на ДКСК на 10.04.2020 година, Државната комисија за спречување на корупцијата, со оглед на фактот дека седницата се одржа без присуство на медиуми, изготви СООПШТЕНИЕ за информирање на јавноста за нејзиното постапување на седницата.
Соопштение
На 03.04.2020 година, Државната комисија за спречување на корупцијата и ОБСЕ Мисијата во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на поголем број заеднички активности во периодот од 2020 - 2022 година. Активностите ќе бидат во насока кон унапредување на практиките за превенција на корупцијата и зајакнување на системот на интегритет. Како основа на овие активности ќе бидат принципите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со Акционен план 2020-2024 усвоена од Државната комисија за спречување на корупцијата, како и во другите национални стратешки документи, но исто така и заложбите и приоритетите на ОБСЕ.
Потпишувањето на овој Меморандум претставува потврда и продолжување на веќе воспоставенета повеќегодишна успешна соработка помеѓу ДКСК и ОБСЕ Мисијата во Скопје.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата на 10.04.2020 година (петок), со почеток во 11:00 часот, ќе ја одржи 29-тата седница.
Имaјќи ги во предвид препораките на Владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето просторни услови за присуство на медиуми во овој период, 29-тата седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на медиуми, а по завршување на седницата, Државната комисија ќе испрати соопштение за информирање на јавноста, кое ќе биде објавено и на ВЕБ страницата на ДКСК.
ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА (во натамошниот текст ДКСК) како независно тело со јасни и со Закон утврдени надлежности за свое постапување, во соработка со ПЛАТФОРМАТА на граѓански организации за борба против корупцијата (во натамошниот текст Платформата), во услови на пандемија на Ковид -19 и вонредна состојба, преземаат активности и го издаваат следното:
СООПШТЕНИЕ
ДКСК и Платформатa, своите активности ги насочуваат кон:
- Следење на содржината, транспарентноста и отчетноста во реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови, а особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и, користење на донации и слично, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава.
- Поддршка на граѓаните и институциите во пријавувањето и навременото откривање на можни недоследности и незаконитости во постапувањето на државните и локални власти, како и на поединци и субјектите во јавниот сектор.
Во оваа прилика уште еднаш, им посочуваме на службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности. Согласно овие начела службените лица:
- не смеат да ја користат функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување на дејствие што согласно законските прописи е забрането, односно не смеат да дозволат пропуштање на дејствие кое се задолжени да го извршат;
- не смеат да го подредат своето професионално извршување на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице;
- должни се да го почитуваат јавниот интерес и да постапуваат без дискриминација или повластување на било кого;
- не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.
Сакаме да истакнеме дека во услови на криза, постојат зголемени ризици од корупција, за што сведочат досегашни кризи од помали размери како во нашата, така и во други држави. Оттука, ќе се посвети внимание на јавните набавки, дистрибуцијата на државна помош и донациите, како и работата на инспекторатите. Очекуваме дека институциите ќе сторат сѐ, во внатрешните процедури кои се пишуваат врз основа на уредбите со законска сила да бидат вградени соодветни антикорупциски механизми, водејќи се од начелата на етичност, непристрасност и транспарентност. Дополнително очекуваме дека ќе се води јавна евиденција на примателите на државна помош (по различен основ) и донации, добавувачите во јавните набавки и субјектите на инспекциските проверки.
РЕАКЦИЈА НА ДКСК ПО ПОВОД ИНТЕРВЈУТО НА РЕКТОРОТ НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ
Во насока на точно и навремено информирање на вашите ценети гледачи го испраќаме ова појаснување, по изнесените ставови на ректорот на Универзитетот св. Кирил и Методиј од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски во вашата емисија.
ДКСК, во своето постапување се раководи од начелата на интегритет, законитост, еднаквост, справедливост, јавност и одговорност, без оглед на тоа кој е подносител и против кого е поднесена пријавата. Сите предмети по кои постапуваме имаат еднаков третман и се водени од начелото на законитост.
Во таа насока, ДКСК ја отфрла како целосно неоснована и неточна изјавата на ректорот Никола Јанкуловски, дадена во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, за наводно пристрасно постапување на Комисијата спротивно на законите.
Ректорот, како раководен орган, согласно Законот за спречување корупција е службено и одговорно лице во јавна установа и неговото постапување е во надлежност на Државната комисија за спречување корупција.
Во врска со постапувањето по пријави против ректорот Никола Јанкуловски, поднесени од повеќе подносители, наодите на Комисијата беа во насока на непочитување на одредбите од Законот за високо образование со кои се уредува статусот на ректор, како и на одредбите од Законот за здравствена заштита што се однесуваат на мирувањето на работен однос на здравствен работник. Оттука, постапувањето по овој предмет е во рамките на нашите надлежности и се води согласно процедура како и за кој било друг предмет по кој постапуваме. Потенцираме дека за нас почетна точка е исклучиво примената на законите и од тоа се водиме во сите предмети по кои постапуваме.
Реакцијата се однесува на интервјуто објавено на следниот линк.
Известување
Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19, ја известува јавноста дека во периодот додека траат мерките за спречување на ширењето на вирусот, нема да врши прием на странки во просториите на Државната комисија.
Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека сите поднесоци до архивата на Државната комисија, странките можат да ги достават по пошта или преку службената електронска пошта на институцијата.
ДКСК продолжува да постапува по сите предмети со еднаков пристап без оглед кој е подносител
Државната комисија за спречување на корупцијата при постапувањето по конкретни предмети поднесени од физички лица, користи редовна практика да одржува состаноци по барање на подносителот или по сопствено наоѓање со цел да се допрецизираат или појаснат наводите, односно сомнежите изразени од подносителот.
Во функција на непристрасен и отворен пристап во постапувањето по предметите, во изминативе 12 месеци се одржани повеќе од 100 состаноци со граѓани без оглед на нивната функција и место во општеството. Податоците и информациите што се добиваат од овие состаноци, ДКСК ги користи во своето постапување, а конечните резултати ги соопштува на јавни седници.
Како и досега, ДКСК во своето постапување ќе се раководи од начелата на законитост, праведност и интегритет, без оглед на тоа кој е подносител и против кој е поднесена пријавата и ќе се води по принципот на еднаков третман на сите предмети, без исклучок.
ДКСК и во изминатиот период покажа решителност и непристрасност во постапувањето по предметите. Ваквиот проактивен пристап на работење на Комисијата посебно е забележан и во последниот работен документ на Европската Комисија, во кој е истакната важноста ДКСК да продолжи со постапувањата по предмети со наводи за непотизам.
Соопштение
Во рамките на проектите за следење на Судскиот совет и Државната комисија за спречување на корупцијата кои ги спроведува Институтот за човекови права во соработка со Транспарентност Македонија се одржа работен состанок на кој се дискутираше за можностите за соработка меѓу двете институции.
При тоа, на состанокот се разговараше за перцепцијата за висок ризик од корупција во областа на правосудството, потребата за проветрување во судиската фела како и методологијата за изготвување на годишниот план за проверка на имотна состојба и интереси од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.
На состанокот се заклучи неопходноста од интензивирање на соработката на овие два државни органи во функција на остварување на своите законски надлежности како и нивната улога во општествениот живот.
Соопштение
На иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, на 26.02.2020 година (среда), во просториите на Државната изборна комисија се одржа работен состанок на кој учествуваа Државната изборна комисија, д-р Рената Дескоска, министер за правда, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Имајќи ги предвид донесените измени и дополнувања на Изборниот законик кои се однесуваат на финансирањето и известувањето за изборните кампањи, на одржаниот состанок беа разгледани можните решенија за надминување на недореченостите и неусогласености кои произлегоа од самите измени. За таа цел ДКСК, ДЗР и ДИК и искажаа спремност за идни средби со цел изнаоѓање на најдобар начин да се одговори на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат трите институции задолжени за следење на изборниот процес во текот на спроведување на Предвремените парламентарни избори 2020 година.
Соопштение
На ден 12.02.2020 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа состанок на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во врска со престојниот изборен процес 2020 година.
Овој состанок беше реализиран на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, заради утврдување на можностите и координирање на заедничките активности и поддршка што граѓанските организации можат да и ги понудат на Државната комисија во процесот на успешно следење на законитоста на изборната кампања на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
На состанокот беа презентирани идеите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за преземање на активности согласно своите законски надлежности, во врска со следењето на законитоста на користењето односно располагањето со буџетските средства во текот на изборниот процес 2020 година, со акцент на периодот на следење на финансирањето на изборната кампања во текот на изборниот процес 2020 година и ризиците од евентуално можните злоупотреби на јавните средства.
Претставниците на граѓанските организации ја известија Државната комисија за активностите кои планираат да ги преземат во текот на изборниот процес 2020 година, а кои се базираат на добро разработена успешна досегашна нивна практика и искуство, разни анализи и истражувања при мониторингот на претходните изборни процеси во државата. Тие понудија и искажаа безрезервна поддршка на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на изборниот процес 2020 година.
ОДЛУКА
за свикување на 28-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 29.02.2020 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување по конкретни предмети.
ОДЛУКА
за свикување на 27-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 14.02.2020 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Анализа на патните трошоци на пратениците за периодот од 2015-2019 година;
2. Постапување по конкретни предмети.
10.02.2020 година
Претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупција остварија работен состанок со Високата претставничка на ОБСЕ г-ѓа Паола Северино, Амбасадор на Р. Албанија Н.Е г-дин Фатос Река и Амбасадор на Р. Италија Н.Е г-дин Карло Ромео во пресрет на Регионалната конференцијата „Превентивни мерки и спроведување на законот: градење отпорност на корупција во Југоисточна Европа “ која се одржува од 10-11 февруари 2020 во Скопје.
На состанокот се зборуваше за местото, улога и активностите на ДКСК во однос на превенцијата од корупција како и поврзаноста на бизнисот и корупцијата од аспект на странските инвестиции.
Претседателката на ДКСК г-ѓа Билјана Ивановска на Високата претставничка г-ѓа Паола Северино и го пренесе искуството од донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси како и активностите кои комисијата ги остварува во однос на заштита на укажувачите. Воедно стана збор и за предизвиците во Република Северна Македонија во однос на интегритетот на службените лица, неказнивоста, политичко влијание и важноста од транспарентност во јавниот и приватниот сектор.
ОДЛУКА
за свикување на 26-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 07.02.2020 година (петок), со почеток во 12:30 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од 23-та седница, Записник од 24-та седница и Записник од 25-та седница на ДКСК;
- 2. Предлог- Одлука за избор на заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- 3. Усвојување на Програма за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година;
- 4. Усвојување на Годишен план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година;
- 5. Усвојување на Етички кодекс на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- 6. Усвојување на Насоки за интегритет и етичко однесување за вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- 7. Усвојување на Правила за внатрешен ред и дисциплина за вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- 8. Усвојување на Правилник за ангажирање на надворешни експерти за потребите на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- 9. Постапување по конкретни предмети.
Соопштение
На ден 06.02 и 07.02.2020 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупција се одржува работилница за проценка водена од страна на г-ѓа Барбара Јоуан Стоунстрит и г-дин Алвис Вилкс, експерти на Советот на Европа, на која учествуваат членовите на ДКСК и вработените во Секретаријатот.
Целта на оваа работилница е да се утврди нивото на капацитетите на ДКСК за следење на законитоста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и контрола на злоупотреба на буџетски средства во периодот по распишување на избори. Врз основа на оваа проценка ќе се изготват планови за зајакнување на капацитетите на ДКСК како и внатрешните процедури и методологија за прибирање и евидентирање на податоци. Оваа работилница е поддржана од страна на Проектот против економски криминал кој е во рамки на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција (фаза 2), иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа.
Соопштение
На 22.01.2020 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот и членовите на Државната комисија на барање на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија надлежен за европски прашања, г-дин Бујар Османи остварија средба на која беше разговарано за достигнувањата на ДКСК во период октомври 2019 – јануари 2020 година, активностите на ДКСК за време на претстојниот изборен процес како и прашањето поврзано со обезбедување на материјално –техничките услови за работа на ДКСК. Во оваа прилика особено беше потенцирано значењето на донесената Национална стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси која е доставена на усвојување до Собранието на Р. Северна Македонија, како битен стратешки документ за искажување на напорите на државата на полето на спречување на корупцијата и судирот на интереси.
На средбата се разговараше и за планираните активности на Државната комисија за остварување на нејзината законска обврска за следење на контролата на финансирањето на изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори 2020 година. Исто така се разговараше за најавените чекори на Владата на Р. Северна Македонија за надминување на просторните и технички проблеми со кои се соочува Државната комисија.
Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024 со акционен план за нејзино спроведување предадена во Собранието
Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024 година влезе во собраниска процедура. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предводена од претседателката Билјана Ивановска, му ја предаде Стратегијата за спречување на корупцијата и судир на интереси 2020-2024 на претседателот на Собранието Талат Џафери, донесена на седница на ДКСК на 17.01.2020.
На средбата со претседателот на Собранието Џафери, на која тој беше подетално запознаен со целите и задачите на овој значаен документ, претседателката Ивановска изјави:
„Цврсто веруваме дека борбата против корупцијата и судирот на интересите е возможна само доколку се создаде широка општествена коалиција од низа институции, граѓански организации и невладиниот сектор. Поддршката и заедничките заложби за подобрување на состојбите во оваа област се единствен начин што ќе доведе до подобрување на состојбите во нашето општество и враќање на довербата во институциите. Искрено, сметаме дека Стратегијата, откако ќе биде донесена во Собранието ќе биде добра основа за постигнување на оваа цел“.
Претседателот на Собранието Џафери ѝ даде поддршка на Стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Во следниот период откако ќе ги помине сите фази согласно постапката овој значаен документ треба да биде ставен на гласање пред пратениците. Гласањето се очекува да се случи на почетокот на февруари.
Стратегијата за борба против корупцијата и судирот на интереси предвидува мерки за сузбивање на корупцијата во повеќе области, како што се јавните набавки, вработувањата, политичкиот систем, правосудството, оганите за спроведување на законот, здравство, образование, труд и социјална политика, урбанизам и просторно планирање, животна средина, спорт, економија и бизнис, јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и локалната самоуправа и медиумите и граѓанското општество.
Инаку, ДКСК на својата денешна седница ја изгласа финалната верзија на Стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024 година. ДКСК работеше на изготвување на овој документ согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Процесот беше поддржан од УСАИД, а за изготвување на Стратегијата беше формирана и работна група составена од претставници на релевантни институции, приватниот и граѓанскиот сектор, медиуми
и експерти од повеќе области. Во рамките на овој процес беа одржани повеќе работилници и консултативни состаноци по што беше изготвена нацрт верзијата на Стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Истата беше ставена на јавен увид во периодот од 27.12.2019 година до 08.01.2020 година со можност сите заинтересирани страни да дадат свои коментари, кои беа земени предвид при изготвување на финалната верзија на овој значаен документ.
ОДЛУКА
за свикување на 25-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 17.01.2020 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Донесување на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024 со акционен план за нејзино спроведување.
Консултативен процес за Националната стратегија 2020-2024
Почитувани,
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, е надлежна институција да донесе петгодишна Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акционен план за нејзино спроведување. За остварување на оваа надлежност, ДКСК го координира целокупниот процес на изготвувањена Стратегијата и акциониот план. Со оглед дека постојната Државна програма за превенција на корупцијата и судирот на интереси се однесува на периодот 2016-2019, ДКСК во текот на август 2019 година, со поддршка на УСАИД, ги започна подготвителните активности за изработка и донесување на новиот антикорупциски стратешки документ што се однесува на периодот 2020 - 2024 година. За таа цел е формирана широка работна група со претставници од релевантните јавни институции, приватниот, граѓанскиот сектор и медиумите, како и експерти. Во периодот септември – декември 2019 година беа одржани три тродневни работилници на работната група, чијашто практична работа се одвиваше во подгрупи што покриваа конкретни сегменти односно сектори од општествениот систем. Како резултат на овие работилници, но и на одржани дополнителни состаноци со институции и засегнати страни за конкретни прашања од нивниот домен, изготвена е нацрт Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, со акционен план за нејзино спроведување (Нацрт стратегија).
Меѓународните практики и стандарди од оваа област повикуваат, како што впрочем и Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата наложува во членот 5, на потребата од вклучување на општеството во развивањето на координирани антикорупциски политики. Заради тоа ДКСК смета дека, иако во изготвувањето на мерките и активностите од акциониот план беше применет партиципативен пристап и беа целосно вклучени сите општествени сегменти, сепак Стратегијата пред да биде донесена треба да биде ставена на увид и коментари на јавноста. Консултативниот процес започнува на 27 декември 2019 година со што заинтересираните страни и граѓаните имаат можност да ги доставуваат своите коментари на Нацрт стратегијата заклучно со 08 јануари 2020 година.
Очекуваме коментарите да се во насока на подобрување на постојните или предлагање на нови антикорупциски мерки и активности во Акциониот план на Нацрт стратегијата. Поради тоа препорачуваме:
- - Коментарите да ги внесете директно во утврдените сектори во Акциониот план 2020-2024 користејќи track changes или текст во црвена боја.
- - Доколку сметате дека има потреба од предлагање на нова мерка и последователни активности, може да го користите празниот образец што е даден во прилог насловен како „Нова мерка и активности“. При тоа задолжително наведете во горниот дел од образецот за кој сектор се однесува предлогот.
- - Заради полесен увид во Акциониот план 2020-2024 користете го следниот преглед на сектори опфатени во Нацрт стратегијата:
- - Јавни набавки
- - Вработување
- - Политички систем
- - Правосудство
- - Органи за спроведување на законот
- - Здравство
- - Образование
- - Труд и социјална политика
- - Урбанизам и просторно планирање
- - Животна средина
- - Спорт
- - Економија и бизнис
- - Јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и локалната самоуправа
- - Медиуми и граѓанско општество
Откако ќе бидат разгледани вашите прилози кон Акциониот план 2020-2024, коментарите што ќе бидат прифатени ќе бидат соодветно вклучени и во текстуалниот дел од Националната стратегија од страна на работната група на ДКСК. Доколку сакате да дадете коментари на текстуалниот дел од Националната стратегија, тоа може да го направите на образецот даден во прилог насловен како „Коментари на Националната стратегија“
Забелешка: коментарите, забелешките и дополнувања на Акциониот план 2020-2024 внесете ги на следниот начин:
- 1. Отворете го word документот Акционен план 2020-2024
- 2. Сочувајте го на вашиот компјутер со користење на “save”
- 3. Откако ќе ги внесете ваштите коментари, забелешки, дополнувања користејќи track changes или текст во црвена боја, сочувајте ги во документот и истиот доставете го на следната електронска пошта nacionalna_strategija@dksk.mk
- 4. Доколку предлагате нова мерка и активности, откако ќе ги внесете во образецот „Нова мерка и активности“, доставете го до истата електронска пошта.
По разгледување на коментарите и конечното усогласување на Нацрт стратегијата што ќе се одвива во периодот од 09 до 15 јануари 2020 година, ДКСК на седница ќе ја донесе Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, со акционен план за нејзино спроведување. Потоа, најдоцна до 17 јануари 2020, согласно член 18 став (3) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК ќе ја поднесе Националната стратегија до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување.
Национална Стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси v1.0
Соопштение
26.12.2019 Државната комисија за спречување на корупцијата Ве известува дека на 27 декември 2019 година (петок) со почеток во 11:00 часот, во седиштето на Државната комисија за спречување на корупцијата на ул.„Даме Груев“ бр.1, Скопје, ќе одржи прес-конференција посветена на донесувањето на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со акционен план за нејзино спроведување за периодот 2020-2024 година.
Сопштение
02.12.2019 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек.
Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.
Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе врз основа на законските надлежности а согласно расположливите човечки и материјално – технички капацитети на Државната комисија.
Законските надлежности на Државната комисија во делот на следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.
Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.
Испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи.
Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија.
ОДЛУКА
за свикување на 24-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 15.11.2019 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Постапување по предмети од областа на судир на интереси;
- 2. Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата;
- 3. Постапување по предмети од областа следење на имотната состојба;
- 4. Констатирање на состојба на судир на интереси од редовната проверка на изјавите на интереси за 2019 година.
ОДЛУКА
за свикување на 23-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 01.11..2019 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од 22-ра седница на ДКСК;
- 2. Информација во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот ( септември);
- 3. Измена на Годишен план за проверка на имотната состојба и интереси;
- 4. Констатирање на состојба на судир на интереси од редовната проверка на изјавите на интереси за 2017 година;
- 5. Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата;
- 6. Постапување по предмети за можен судир на интереси.
Соопштение
17-18 октомври 2019 - Четвртиот состанок на Шибеник мрежата на агенции за спречување на корупцијата на Советот на Европа се одржа во Тунис со поддршка на Советот на Европа / проектите на Европската унија PAII-T (Project to Support Independent Institutions in Tunisia/Anti-corruption), SNAC-3 (South Neighbourhood Anti-Corruption Project) и HFII - AEC (Horizontal Facility II Action against Economic Crime).
На состанокот учествуваа претставници од агенциите за спречување на корупцијата од 15 земји, вклучувајќи ги Албанија, Азербејџан, Бенин, Хрватска, Естонија, Франција, Италија, Јордан, Северна Македонија, Мароко, Романија, Србија, Словачка, Тунис и Украина.
На состанокот, чија цел е зајакнување на меѓу-медитеранските партнерства и размена на добри практики во областа на антикорупцијата, кон мрежата пристапија Јордан, Мароко, Северна Македонија и Тунис, додека Тунискиот Антикорупциски орган (INLUCC) потпиша меморандуми на разбирање со колегите од Мароко и Јордан.
Повеќе информации на следниот линк https://www.coe.int/en/web/corruption/-/jordan-morocco-north-macedonia-and-tunisia-accede-to-the-sibenik-network-of-corruption-prevention-agencies
Сопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес 08 октомври 2019 година, започнува со изработка на документ од исклучителна важност за Република Северна Македонија преку кој, согласно со членот 17 став 1 т. 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2019), ќе реализира една од своите приоритетни надлежности - Донесување на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акционен план за нејзино спроведување – за периодот 2020-2024 година (НССКСИ 2020-2024).
Работилницата за изработка на НССКСИ 2020-2024, во денешната сесија, е во тек и се одржува во Хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје во соработка и со партиципативност на претставници на релевантните органи и институции во Републиката и експерти од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси, етиката и интегритетот.
На оваа, денешна сесија свои воведни обраќања дадоа :
- г-ѓа Билјана Ивановска, Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата
- г-дин Талат Џафери, Претседател на Собрание на Република Северна Македонија
- г-дин Бујар Османи, Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија
- г-дин Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност и
- проф. д-р Методиј Чепреганов.
Денешната сесија продолжува со запознавање со методолошкиот пристап, а потоа со работа по групи (столбови) за идентификација на ризиците од корупција.
Работилницата за изработка на НССКСИ 2020-20124 ќе продолжи и во наредните денови - 09 и 10 октомври 2019 година.
Соопштение
На 26.09.2019 во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу ДКСК и граѓанската организација Центар за истражувачко новинарство СКУП - Македонија. Овој Меморандум значи унапредување на веќе воспоставената соработка со цел спроведување на активности, размена на информации и креирање на заеднички и индивидуални активности и проекти, а во врска со транспарентноста и отчетноста на институциите како и носителите на јавни функции во државата.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно член 89 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, води регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал, нотари, извршители и административни службеници од категоријата А утврдена со закон или лице вработено во кабинетите на претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министрите и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заради извршување на работни задачи на посебен советник, кои се должни да поднесат изјава за имотна состојба и
Согласно член 91 од законот, раководните лица во институциите и органите кои вршат избори и именувања или од нив овластени лица, се должни податоците за лицата од членот 82 став (1) од законот со пополнување на образец да ги достават до Државната комисија без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на верификацијата на мандатот, изборот и именувањето, односно назначувањето, како и по престанокот на функцијата, односно должноста на избраното, именуваното или назначеното
Во насока на исполнување на оваа обврска, Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикува надлежните институции кои вршат избори и именувања да ја исполнуваат законската обврска и во законски предвидениот рок да ги доставуваат бараните податоци.
Истовремено, Државната комисија укажува дека за неисполнување на наведената обврска е предвидена прекршочна одговорност.
Имено, согласно член 112 од законот глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на раководно лице на институција, односно орган кој врши избори и именувања или на од него овластено лице кое до Државната комисија без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на верификацијата на мандатот, изборот и именувањето, како и по престанокот на функцијата, односно должноста на избраното и именуваното лице нема да достави пополнет образец со податоците за лицата од членот 82 став (1) од законот.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно член 17 став 10 и 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите во постапка согласно со закон и врши проверка на податоците од изјавите за имотната состојба и интересите.
Во таа насока, Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на обврските кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси а по однос на пријавувањето на имотната состојба и интересите.
Имено членот 82 став 1 од законот предвидува:
„Избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, нотар, извршител, административен службеник од категоријата А утврдена со закон или лице вработено во кабинетите на претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министрите и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заради извршување на работни задачи на посебен советник, при изборот, именувањето назначувањето, односно вработувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, назначувањето односно вработувањето поднесува изјава за имотна состојба и интереси.
Согласно став 3 од истиот член наведените лица имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба и интереси и во рок од 30 дена од денот на престанувањето на функцијата односно вработувањето.
Изјавата за имотна состојба и интереси се доставува до Државната комисија.
Согласно горенаведеното напоменуваме дека обврската за поднесување на изјавата за имотна состојба и интереси во законски предвидениот рок по изборот/именувањето/назначувањето како и по престанок на функцијата се однесува и во случаите кога едно исто лице е реизбрано на иста функција како и коа му престанува една функција а истовремено е избрано/именувано/назначено на друга функција.
Обврската исто така се однесува и во случаите при избор/именување/назначување на вршители на должноста.
Државната комисија за спречување на корупцијата, истовремено, укажува и на обврската за пријавување промени на имотната состојба и интересите.
Имено, членот 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидува дека лицата од член 82 став 1 се должни во рок од 30 дена да го пријават секое зголемување на нивниот имот, односно на имотот на член на нивното семејство, во вредност што надминува износ од дваесет просечни нето плати во претходниот тримесечен период, како и промена на интереси. Кон пријавата за пријавување на промената се приложува и договор или друг документ што е основа за промената.
Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси предвидува прекршочни санкции за неисполнување на обврските од членовите 82 и 85 од Законот.
Имено, согласно членот 109 глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на лицата кои во законски предвидениот рок нема да поднесат изјава за имотна состојба и интереси односно не пријават зголемување на имотот согласно членот 85 од Законот.
ОДЛУКА
за свикување на 22-ра седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 17.09.2019 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од 19-та, 20-та и 21-ва седница на ДКСК;
- 2. Информација во врска со процесот на подготовка на Националната стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси;
- 3. Информација во врска со постапувањето на органите на управување по барање на ДКСК за утврдување на одговорност на службени лица;
- 4. Информација во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот (јули и август)
- 5. Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата;
- 6. Постапување по предмети за можен судир на интереси;
- 7. Постапување по предмети од областа следење на имотната состојба.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата достави известување до сите општини на Република Северна Македонија и Градот Скопје, во кое покрај останатото, укажа на обврските кои произлегуваат од член 45 став 2 и 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Имено, во наведениот член е предвидено следното:
„Секое избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал е должно во рок од 30 дена од денот на стапување на функција до институцијата, односно органот во кој ја врши функцијата да ги пријави правните лица во негова сопственост, во кои има акции или удели или управувачка функција.
Органот во кој, избраното или именуваното лице ја врши функцијата е должен овие податоци јавно да ги објави“.
Со оглед на фактот дека кај повеќе институции и лица се јавија дилеми во врска со обврските од наведената одредба, при што побараа дообјаснување од Државната комисија, укажуваме дека обврската од членот 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси не треба да се поистоветува со обврската за поднесување изјава за имотна состојба и интереси согласно со членот 82 од Законот.
Имено, обврската по член 45 став 2 се однесува на поднесување пријава за сопственост на правни лица, акции, удели како и управувачки функции и истата се поднесува до органот во кој се врши функцијата, додека пак изјавата за имотна состојба и интереси се поднесува до Држвната комисија за спречување на корупцијата.
По однос на дилемата за тоа дали членовите на училишните одбори се обврзани да поднесуваат изјава за имотна состојба и интереси, Државната комисија укажува дека членовите на училишните одбори не спаѓаат во категориите на лица од членот 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и истите немаат обврска да поднесуваат Изјава.
Државната комисија, согласно членот 84 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси може да побара од член на училишен одбор да достави изјава за имотна состојба и интереси, како и да спроведе постапка за испитување на неговата имотна состојба, кога постапува по предмет во кој е вклучен членот на училишниот одбор.
ОДЛУКА
за свикување на 21-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 12.08.2019 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 17-та седница на ДКСК;
2. Предлог - Одлука за избор на заменик претседател на ДКСК;
3. Предлог – дополнување на Годишен план за јавни набавки во 2019 година;
4. Предлог извештајот за остварувањето на Државната програма 2016-2019 за период јануари 2016-декември 2018 година (трет годишен извештај);
5. Информација во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот ( мај/ јуни)
6. Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата;
7. Постапување по предмети за можен судир на интереси.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Ташко Дојчинов поради повреда на член 44 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси.
Имено, службеното лице, покрај функцијата претседател на совет на Општина Гевгелија ја извршува и функцијата и член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија согласно со член 77 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интереси се обрати до лицето Ташко Дојчинов со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од истиот закон односно во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката да го одстрани судирот на интереси.
Ташко Дојчинов не постапи по барањето на Државната комисија, односно во законски утврдениот рок доброволно не се откажа од извршување на едната од двете функции кои во моментов ги извршува и не го отстрани судирот на интереси.
Поради наведеното Државната комисија смета дека се исполнети условите утврдени во член 79 став 1 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интерес поради што донесе ОДЛУКА на Ташко Дојчинов да му се изрече мерката ЈАВНА ОПОМЕНА.
Согласно со член 79 став 2 од Законот за спречување корупцијата исудирот на интерес јавната опомена од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата на Државната комисија и во средствата за јавно информирање.
Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.
Известување
Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2019), предвидена е нова обврска за секое избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал (член на совет на општина, член на управен или надзорен одбор, член на училишен одбор и т.н.), по што потребно е до органот во кој ја вршат функцијата да ги пријават правните лица во нивна сопственост, во кои има акции или удели или управувачка функција, во најкус можен рок.
Од друга страна, органите во кои ја вршат функцијата наведените лица (општината, градинки, училишта, јавни претпријатија и т.н.), имаат обврска овие податоци јавно да ги објават на нивната веб страна, видливи за јавноста и ажурирани во континуитет.
Ова произлегува од член 45 став 2 и 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, каде е предвидено следното:
„Секое избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал е должно во рок од 30 дена од денот на стапување на функција до институцијата, односно органот во кој ја врши функцијата да ги пријави правните лица во негова сопственост, во кои има акции или удели или управувачка функција.
Органот во кој, избраното или именуваното лице ја врши функцијата е должен овие податоци јавно да ги објави“.
Исто така, Државната комисија смета за потребно да укаже на ограничувањата кои се однесуваат на службените лица во соработка со правни лица, што се во нивна сопственост или во сопственост на нивни блиски лица, а во насока да превенира потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку не се почитуваат тие ограничувања, согласно член 51 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:
„Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“.
Во однос на непостапување на службеното лице согласно член 51 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот согласно Законот за облигационите односи, како и Државната комисија поведува прекршочна постапка по член 105 став 1 алинеја 10 од истиот закон.
НАПОМЕНА: Државната комисија бара овој допис да биде доставен до сите институции кои се под надлежност на општината, односно каде како сопственик се јавува самата општина, со цел нивно постапување по барањето на Државната комисија.
ОДЛУКА
за свикување на 20-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 05.08.2019 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од 16-та и 18-та седница на ДКСК;
2. Предлог - деловник за работа на ДКСК;
3. Предлог - одлука за прогласување на доверливи податоци;
3.1 Упатство за спроведување на одлуката за доверливи податоци;
3.2 Изјава за доверливост и непристрасност на претседател и членови на ДКСК;
3.3 Изјава за доверливост и непристрасност на вработени во Секретаријатот на ДКСК;
3.4 Изјава за доверливост и непристрасност за надворешни експерти.
4. Предлог- одлука за овластување на лице за доделување и чување на работни и дупликат клучеви од сефови и безбедносни врати (врати);
5. Заклучоци за предмети отворени по сопствена иницијатива;
6. Постапување по предмети од областа на спречувањс на корупцијата;
7. Постапување по предмети за можен судир на интереси;
8. Постапување по предмети од областа следење на имотната состојба.
Соопштение
На 30 јули 2019 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше состанок меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Неговата екселенција г-дин Томас Герберих.
Состанокот беше реализиран заради иницијално запознавање со новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата и можна натамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
На состанокот, учесниците се осврнаа на:
-Од страна на Германскиот амбасадор најнапред за ДКСК беше искажана поддршка за нејзината досегашна работа, истакнувајќи притоа дека ЕУ покрај очекувањата од земјата, потребно е да се помогне кон остварување на целта- ефикасна борба против корупцијата
-Во непосредна и срдечна комуникација се отвори прашањето за довербата што ДКСК, што новиот состав на Државната комисија ја добива од граѓаните на Република Северна Македонија но, и надежите кој меѓународната заедница ги има кон оваа институција, особено во периодот кој следи поврзан со добивање на датумот за отпочнување на предпристапните преговори на Р.Северна Македонија кон Европската Унија,
-Се спомена предизвикот што и претстои на ДКСК кон креирање на политичка култура во РСМ и предизвикот кон актуелниот непотизам и креирање на доверба на граѓаните дека основен критериум за вработувањата во јавната администрација е исполнување на претходно утврдени критериуми и поседување на стручно знаење и вештини, а не партиска книшка или роднински врски
-Се отвори прашањето за моментално расположливите капацитети на Државната комисија за спречување на корупцијата, просторни, човечка екипираност и техничка опременост и напорите што се вложуваат околу докомплетирање и доекипирање на Секретаријатот на ДКСК,
-Соработката со другите институции, граѓанскиот сектор, но и со Јавниот обвинител за организиран криминал и корупција во делот на процесирање на поведените кривични постапки,
-Фокусот и активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот по нивното назначување: процесот на следење на изборите и финансирањето на политичките партии и изборни кампањи, отворените предмети за непотизам, предметите од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси, следење и евидентирање на имотната состојба на избраните и именуваните лица,
-Во рамките на состанокот се укажа на отворената подготвеност од страна на Амбасадата на Сојузна Република Германија да помогне на начин потребен и соодветен на ДКСК:-
- -Меѓу институционална соработка со сродна институција во Сојузна Република Германија во насока на размена на искуства и знаења.
Соопштение
На 19.07.2019 година, се одржа прва средба на овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата со делегација од Агенција за борба против корупција во Република Косово. Средбата се одржа заради размена на искуства и најдобри практики пред се за теми од областа на спречување на корупцијата при пријавување на имотната состојба, но и справување со судирот на интереси на избраните и именуваните лица.
На самата средба се потпиша Меморандум за соработка со што се официјализираше и утврди начинот на соработка, размена на искуства и добри практики меѓу ДКСК и АБПК, примарно во области во врска со спречување и борба против корупција, пријавување на имот и подароци, спречување на судирот на интереси при извршување на јавни функции и спречување на корупција во јавните набавки
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата смета за потребно да укаже на ограничувањата кои се однесуваат на службените лица во соработка со правни лица, што се во нивна сопственост или во сопственост на нивни блиски лица, а во насока да превенира потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку не се почитуваат тие ограничувања.
Ова од причини што, во член 51 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е предвидено следното:
„Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“.
Имено, фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата смета за потребно да нагласи дека, укажувањето што беше доставено до Врховниот суд на РСМ од 10.07.2019 година, е во насока да превенира потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку судиите од Врховниот суд на РСМ, против кои се отворени постапки во Судскиот совет на РСМ за разрешување од функциите, ќе го прикријаат постоењето на приватниот интерес со што ќе постапат спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Имено, одредбите со кои е предвидено и потенцирано дека:
„Службено лице кога учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или нему блиско лице има приватен интерес, истото е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето“, не се однесуваат само на конретни предмети по кои постапуваат судиите од Врховниот суд на РСМ, туку и на расправата за носење на општо начелно правно мислење.
Согласно член 8 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси точно е утврдено значењето на изразот „службено лице“ и тоа:
„Под поимот „службено лице“ се подразбираат сите избрани или именувани лица и вработените во јавниот сектор“, што значи и судиите на Врховниот суд на РСМ.
Согласно доставеното укажување, Државната комисија не ја загрозува независноста на судиите од Врховниот суд на РСМ, бидејќи не навлегува во постапувањето по конкретни предмети согласно процесните закони, затоа што, истото се однесува на конкретна ситуација, за која важат одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Односно, во одредбите точно е пропишано како треба да се однесува службено лице (пр. судија на Врховен суд на РСМ) во случај на постоење судир на интереси и начинот за изземање кога истите службени лица ќе дознаат за околностите што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси.
Прикривањето на постоење приватен интерес од страна на службените лица претставува повреда на должноста и основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Соопштение
11.07.2019 Со цел координација на активностите, преку размена на информации, искуства и знаења за областите каде што се вклучени, избегнување на потенцијално преклопување на проектите, но и дискусија за понатамошните начини на соработка за ефикасна борба против корупцијата и судир на интереси во Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата реализираше координативен донаторски состанок.
На состанокот учествуваа тековни и потенцијални донатори, претставници на меѓународни организации, тела и амбасади, државни институции директно вклучени во координација на проектите во Р. Северна Македонија, како и претставници од невладиниот сектор, кои директно или индиректно соработуваат со Државната комисија за спречување на корупцијата.
Известување
Државната комисија за спречување на корупцијата има сознанија дека, до Врховниот суд на Република Северна Македонија од страна на адвокати, поднесени се Иницијативи за носење на начелен став, односно начелно правно мислење по прашањето за тоа кој Закон за судовите, како материјален закон, ќе се применува од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија на веќе започнатите постапки за престанок, разрешување и основи за одговорност на судија, како и дека против 9 судии од Врховниот суд на Република Северна Македонија се отворени постапки во Судскиот совет на Република Северна Македонија за разрешување од функциите.
Во однос на наведеното, Државната комисија смета за потребно да укаже на тоа дека, судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија против кои се отворени постапки во Судскиот совет на Република Северна Македонија за разрешување од функциите, не треба да учествуваат во расправата и одлучувањето на општата седница каде ќе се утврдува начелното правно мислење по поднесените горенаведени иницијативи.
Ова од причини што, во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е предвидено следното:
Согласно член 72
„(1) Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување. (2) Во случај на сомневање за постоење судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес или приватниот интерес на друго лице врз извршувањето на неговите овластувања и должности и за тоа да го извести својот претпоставен. (3) Во случај на постоење на сомневање за судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Државната комисија.“
Согласно член 73
„(1) Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.
(2) Органот или телото на чија седница лицето од ставот (1) на овој член го соопштил постоењето на приватен интерес, е должно тоа да го констатира и внесе во записник.“
Согласно член 75
„(1) Кога службеното лице ќе дознае за околности што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси, е должно веднаш да побара да биде изземено и да запре со своето постапување. (2) Службеното лице ќе биде изземено од вршењето на определено дејствие со одлука на органот во кој е избрано или именувано, односно каде што врши функции, јавни овластувања или службени должности и по барање на заинтересирано лице кое дознало за околности што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси.“
Доколку, судиите од Врховниот суд на РСМ против кои се отворени постапки во Судскиот совет на РСМ за разрешување од функциите, ќе го прикријаат постоењето на приватниот интерес и не постапат согласно цитираните одредби од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси , по што, претставува повреда на должноста, согласно член 73 став 3 од истиот закон, е основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки согласно со овој закон.
Соопштение
На 08 јули 2019 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, се реализираше работна средба со релевантни претставници од невладиниот сектор и членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
Целта на состанокот беше запознавање со активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во насока на започнување на процесот на изготвување на петгодишниот стратешки документ Национална стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси, целите, фокусот на идниот стратешки документ и договор за следните чекори потенцирајќи ја притоа потребата од тесна соработка меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и невладиниот сектор на ова прашање.
Соопштение
Ha ден 05.07.2019 година (петок), co почеток во 13:00 часот, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи БРИФИНГ за информирање на медиумите, кој ќе се однесува на постоечката законска регулатива од областа на судирот на интереси.
Брифингот ќе се одржи во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, без камери, фотоапарати и микрофони.
Соопштение
На 02 јули 2019 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Самуел Жбогар, Шеф на делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
Состанокот, беше реализиран на барање на г-динот Жбогар, заради иницијално запознавање со новиот состав, изразување на отворена поддршка на работата на ДКСК и за можна понатамошна соработка и поддршка од страна на ДЕУ во Скопје.
Прочитај повеќе...
Известување
Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за потребно да укаже на следното:
Согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:
„Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување.“
Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:
„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и
„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“
Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
ОДЛУКА
за свикување на 19-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 07.06.2019 година (петок), со почеток во 10:30 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од 12-та, 13-та и 15-та седница на ДКСК;
2. Постапување по предмети од областа следење на имотната состојба;
3. Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата;
4. Постапување по предмети за можен судир на интереси.
ОДЛУКА
за свикување на 18-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 03.06.2019 година (понеделник), со почеток во 12,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од 14-та седница на ДКСК;
- 2. Постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата;
- 3. Постапување по предмети за можен судир на интереси.
Соопштение
Делегацијата – ко – известители на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија, пост – мониторинг дијалог со Република Северна Македонија од 28-31 мај 2019 година на ден 30.05.2019 година (четврток) со почеток во 18:15 часот оствари посета која се одржа во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
На состанокот присуствуваа Заменик претседателот на ДКСК Нури Бајрами, членовите на ДКСК Катица Николовска, Софка Пејовска Дојчиновска, Шемши Салаи, Горан Трпеноски и административните службеници Даниела Трајчевска и Кате Здравкоска од Секретаријатот на ДКСК и претставниците на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија, во состав на Делегацијата:
- - г-ѓа Лисе Кристоферсен (Lise Christoferssen), Норвешка, Група на Социјалисти, Демократи и Зелени;
- - г.Валериу Гилечи (Valeriu Ghiletchi), Молдавија, Група на Европска Народна партија и
- - г-ѓа Силви Афхолдер (Sylvie Affholder), секретар на Моониторинг комисија на ПС на СЕ.
Претставниците на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, изразија интерес во однос на начинот на постапување на Државната комисија по оформени предмети, начинот на носење на одлуките на седниците, транспарентноста и постигнатите ефекти во периодот од изборот на сегашниот состав на Државната комисија.
Состанокот заврши со договор за одржување на комуникација во насока на идна соработка и поддршка.
Соопштение
На 27 мај 2019 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Амбасадорот на Франција во Скопје Неговата Екселенција г-дин Кристијан Тимоние и г-дин Владо Ралповски Аташе за печат.
Состанокот, беше реализиран заради иницијално запознавање со новиот состав и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата на Франција во Скопје.
Прочитај повеќе...
Соопштение
На ден 22.05.2019 година (среда) во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се одржа состанок на кој присуствуваа Претседателот на ДКСК Билјана Ивановска, членовите на ДКСК Катица Николовска, Владимир Георгиев и Нури Бајрами и административните службеници Даниела Трајчевска и Антонија А. Тасевска од Секретаријатот на ДКСК и претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
На состанокот претседателката и членовите на ДКСК разговараа за: начинот на нивниот избор од страна на Собранието, нивното претходно работно искуство, работата и законските надлежностите на Државната комисија, областите во кои постапува, човечките ресурси и технички капацитети со кои располага Комисијата, проектот за поврзувањето со дата базите на другите институции како и за соработката и поддршката од странски донори.
Претставниците на ИРИ ја изразија нивната подготвеност да ја поддржат работата на ДКСК во областите од нејзиниот делокруг на работа.
Состанокот заврши со договор за одржување на комуникација во насока на идна соработка и поддршка.
ОДЛУКА
за свикување на 17-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 22.05.2019 година (среда), со почеток во 10,30 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од единаесетта седница на ДКСК
- 2. Постапување по предмети од областа за спречување на корупција
- 3. Постапување по предмети за можен судир на интереси
- 4. Одлука за прогласување на податоци за службена тајна –доверливи податоци
- 5. Известување за реализација на Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во РМ 2019-2022
- 6. Годишен финансиски извештај за 2018 година и
- 7. Годишен план за јавни набавки на ДКСК за 2019 година.
Соопштение
На 06 мај 2019 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Амбасадорот на ОБСЕ Мисијата во Скопје г-дин Клеменс Која и г-дин Џеф Голдстеин Помошник Шеф на Мисија.
Состанокот, беше реализиран заради иницијално запознавање со новиот состав и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на ОБСЕ Мисијата во Скопје.
На состанокот , учесниците се осврнаа на неколку области:
- - Надлежностите и опфатот на работа на ДКСК, новиот состав на ДКСК избран на инклузивен и транспарентен начин,
- - Капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата, просторни, човечка екипираност и техничка опременост, и напорите околу докомплеитирање и доекипирање,
- - Соработката со другите институции
- - Фокусот и активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во процесот на следење на изборите и финансирењето на политичките партии и изборни кампањи, како и за обврската за изготвување на извештај од следењето на изборите 3 месеци по нивно завршување
- - Досегашната соработка со помеѓу двете институции и потребите од идната поддршка кон работењето на ДКСК.
Состанокот заврши со договор за одржување на комуникацијата во насока на идна соработка, од интерес за двете страни.
ОДЛУКА
за свикување на 14-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 06.05.2019 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Постапување на ДКСК по приговор од учесник/организатор на изборна кампања:
- Приговор бр. 12-2553/1 од 30.04.2019 година, поднесен од овластен -Приговор бр. 12-2570/1 од 02.05.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник и претседателот на Советот на Општина Куманово;
-Приговор бр. 12-2571/1 од 02.05.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на општина Шуто Оризари и
-Приговор бр. 12-2572/1 од 02.05.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на општина Велес
ОДЛУКА
за свикување на 13-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 03.05.2019 година (петок), со почеток во 12,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Постапување по предмети отварени во постапки по службена должност за можен судир на интереси;
ОДЛУКА
за свикување на 12-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 03.05.2019 година (петок), со почеток во 11,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. 1. Постапување на ДКСК по приговор од учесник/организатор на изборна кампања:
- Приговор бр. 12-2553/1 од 30.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007;
-Приговор бр. 12-2554/1 од 30.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на општина Гази Баба, Скопје;
-Приговор бр. 12-2555/1 од 30.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на општина Шуто Оризари;
-Приговор бр. 12-2556/1 од 30.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на општина Кисела Вода и
-Приговор бр. 12-2557/1 од 30.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО -Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на Град Скопје
Известување за предмети со наводи за непотизам од 11-та седница на ДКСК
Комисијата изврши анализа на постапките за вработувањата врз основа на наводи за непотизам поврзани со предметите отворени по сопствена иницијатива и по допрен глас.
Статистички гледано вработени се 11 Блиски лица на 7 пратеници, 2 Блиски лица на –2 Министри, три блиски лица на три градоначалници.
Најголем број од вработувањата се:
во ЕЛЕМ 7 се, а по две вработувања се во основни училишта, МВР, ЦРРСМ, едно во општина, едно во МЗШВ, едно во училишен дом, едно во МЕПСО, едно во Агенција за супервизија, и ФИТР
Закони врз основа на кои е извршено вработувањето:
Закон за работни односи- ЗРО – 11 вработувања;
Закон за основно образование – 2 вработувања;
Закон за административни службеници 2- вработување;
Закон за внатрешни работи – 2 вработувања
Прочитај Повеќе
ОДЛУКА
за свикување на единаесеттата седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 24.04.2019 година (среда), со почеток во 13,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од седмата и деветтата седница на ДКСК;
- 2. Постапување по предмети отварени во постапки по службена должност и други предмети за можен судир на интереси;
- 3. Постапување на ДКСК по предмети отворени по сопствена иницијатива поврзани со изборниот процес 2019 година;
ОДЛУКА
за свикување на десеттата седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 24.04.2019 година (среда), со почеток во 12,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Постапување на ДКСК по приговор од учесник/организатор на изборна кампања:
- -Приговор бр. 12-2509/1 од 22.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство) против градоначалник на Општина Ѓорче Петров ;
- 2. Отварање на предмети по сопствена иницијатива во врска со изборниот процес 2019 година.
ОДЛУКА
за свикување на деветтата седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 17.04.2019 година (среда), со почеток во 13,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Записник од осмата сединца на ДКСК;
2. Постапување на ДКСК по приговори од учесник/организатор на изборна кампања:
-Приговор бр. 12-2408/1 од 12.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство) против Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - Скопје;
-Приговор бр. 12-2409/1 од 12.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство) против Градоначалник на општина Гази Баба, Скопје;
-Приговор бр. 12-2410/1 од 12.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство) против Општина Штип и градоначалник на општина Штип и
-Приговор бр. 12-2411/1 од 12.04.2019 година, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, (ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство) против В.Д. Градоначалник на општина Ново Село
VENDIM
për thirrjen e mbledhjes së tetë të
Komisionit Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit
Mbledhja do të mbahet më datë 10.04.2019 (e mërkurë), me fillim në orën 12.00, në ShPPP - Klubi i organeve të administratës (Klubi i deputetëve) në rr. "Metropoliti Teodosij Golloganov" nr.45, Shkup, për mbledhjen e propozon këtë
REND DITE
1. Monitorimi i ligjshmërisë së financimit të fushatave zgjedhore
- - Trajtimi nga ana e KSHPK-së i kundërshtimeve të parashtruara nga pjesëmarrësi/organizatori i fushatës zgjedhore:
- - Kundërshtimi nr. 12-2309/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2310/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2311/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2312/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2313/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2314/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2315/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2316/1 i datës 05.04.2019
- - Kundërshtimi nr. 12-2317/1 i datës 05.04.2019
Соопштение
На ден 03.04.2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа прес-конференција во врска со започнатата изборна кампања на редовните претседателски избори и локалните избори кои се одржуваат во општините Охрид, Дебар и Ново Село. На прес-конференцијата се укажа за начинот на постапувањето на ДКСК во текот на изборната кампања кој е тесно врзан со нејзините законски надлежности со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во делот на контролата на буџетските средства и следењето на финансирањето на изборната кампања.
Согласно новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, пропишани се забрани за постапување на државните органи во изборниот процес.
Соопштение
На ден 29.03.2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа состанок на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
Овој состанок беше реализиран на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, а заради утврдување и координирање на следните чекори во насока на успешно следење на изборната кампања на претседателските избори во месеците што следат.
На состанокот беа презентирани идеите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за преземање на активности согласно своите законски надлежности, во врска со следењето на законитоста на користењето односно располагањето со буџетските средства во текот на изборниот процес 2019 година, со акцент на периодот на изборната кампања во текот на изборниот процес 2019 година и ризиците од евентуално можните злоупотреби на јавните средства.
Претставниците на граѓанските организации искажаа безрезервна поддршка на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата и известија за нивните досегашни искуства, анализи и истражувања при мониторингот на претходните изборни процеси во државата.
На крајот на состанокот сите присутни го изразија своето задоволство од одржување на истиот и се договорија за во иднина да се изработи заедничка методологија која ќе се заснова на разработени идеи за заедничка соработка на Државната комисија за спречување на корупцијата и Платформата на ГО заради заедничко делување на наредните избори.
Соопштение
Во претстојниот период на спроведување на активностите поврзани со закажаниот избор за претседател на Република Македонија, како и закажаните предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар, Државната комисија за спречување на корупцијата согласно одредбите од новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема законски основ да дава мислења по доставени барања за мислење поврзани со начинот на постапување на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата во текот на изборниот процес.
Оттаму Државната комисија за спречување на корупцијата повторно ги известува сите горе наведени институции дека нема да се произнесува со свое мислење на поединечни доставени барања за мислење и воедно ги повикува институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување.
Соопштение
На ден 20.03.2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа состанок на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР Набљудувачката мисија за претседателските избори 2019 година.
Овој состанок беше реализиран на иницијатива на претставниците на ОБСЕ/ОДИХР Набљудувачката мисија за претседателските избори 2019 година, имајќи предвид дека Државната комисија за спречување на корупцијата е важен чинител во следењето на законитоста на финансирањето на изборната кампања на претстојните претседателски избори 2019 година.
На состанокот беа презентирани законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата и досега преземените активности во врска со спроведување на изборниот процес. Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР Набљудувачката мисија за претседателските избори 2019 година ги поздрави досега преземените активности оценувајќи дека ДКСК покажува проактивен и ангажиран однос во обезбедувањето на законитоста на севкупниот изборен процес. На крајот на состанокот Претседателот на ДКСК истакна дека ДКСК стои на располагање на ОБСЕ/ОДИХР Набљудувачката мисија за обезбедување на потребните информации поврзани со нејзиното постапување во текот на претстојната изборна кампања, кои би биле од интерес на Набљудувачката мисија.
ОДЛУКА
за свикување на шестата седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 20.03.2019 година (среда), со почеток во 11,00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- 1. Усвојување на Записник од петтата седница на ДКСК;
- 2. Постапување на ДКСК по конкретни предмети;
- 3. Други прашања и предлози.
Соопштение
На 18 март 2019 година, со почеток во 10.00 во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше работна средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и на Британската Амбасада во Република Северна Македонија, предвоена од Нејзината Екселенција Рејчел Галовеј.
Состанокот, беше реализиран на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, а заради иницијално запознавање со новиот состав и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на Британската Амбасада во Република Северна Македонија.
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива заклучи да изврши увид дали поднеле Анкетни листови за имотната состојба и изјави за интереси градоначалниците на општините во Република Северна Македонија.
Државната комисија за спречување на корупцијата, од увидот во својата евиденција констатира дека одреден број од горенаведените лица по изборот/именувањето на функцијата во законски утврдениот рок не поднеле Анкетен лист за имотната состојба и Изјава за интереси, додека некои од нив имаат доставено обрасци со непотполни податоци, поради што на 5-тата седница одржана на 15.03.2019 година, заклучи да поведе прекршочни постапки согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
По објавување на веста во медиумите со демант и реакција се јавија градоначалниците на општина Вевчани Сашо Јанкоски и на општина Гази Баба Борис Георгиевски, кои изјавија дека уредно имаат доставено Изјави за интереси.
Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека наведените градоначалници имаат доставено Изјави за интереси во кои не дале податоци за делот II . Јавно овластување и должност, каде што задолжително се наведуваат податоци за функцијата за која се избрани или именувани лицата, податоци за институцијата која извршила избор или именување, како и број и датум на актот за верификација на мандатот врз основа на кој се избрани или именувани. Врз основа на тие податоци Одделението за спречување на судир на интереси води евиденција по функција на избраните или именуваните лица.
Заради отфрлање на сите сомнежи за наводите за неправилно постапување на комисијата ги повикуваме градоначалниците да дојдат во просториите на ДКСК и да извршат увид во документацијата и на фактите на кои укажува ДКСК.
Јавен повик
Државната комисија за спречување на корупција согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е надлежна да води Регистер на избрани и именувани.
Согласно член Член 91 став 1 од ЗСКСИ, раководните лица во институциите и органите кои вршат избори и именувања или од нив овластени лица, се должни податоците за лицата од членот 82 став (1) од законот со пополнување на образец да ги достават до Државната комисија без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на верификацијата на мандатот, изборот и именувањето, односно назначувањето, како и по престанокот на функцијата, односно должноста на избраното, именуваното или назначеното лице.
Во насока на исполнување на оваа обврска Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикува надлежните институции кои вршат избор или именување, а кои ги немаат исполнето обврските за доставување на податоци преку соодветниот образец, истите да ги достават во најкус можен рок.
Државната комисија за спречување на корупцијата укажува дека за неисполнување на наведената обврска е предвидена прекршочна одговорност. Во таа насока Државната комисија, за институциите кои нема да ја исполнат законската обврска, ќе поведе постапки утврдени со закон.
Соопштение за седница
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19), на ден 15.03.2019 година (петок), со почеток во 11:00 часот во просториите на ДКСК, ќе ја одржи петтата седница со следните точки од Дневниот ред:
- 1. Усвојување на Записник од четвртата седница на ДКСК;
- 2. Усвојување на Стратегија за заштита на укажувачите;
- 3. Информација за постапување на ДКСК во однос на обврските кои произлегуваат од ревизијата на НПАА;
- 4. Постапување на ДКСК по конкретни предмети;
- 5. Други прашања и предлози.
VENDIM
për konvokimin e seancës së pestë të
Komisionit shtetëror për parandalimin e korrupsionit
Seanca do të mbahet më datë 15.03.2019 ( e premte) me fillim në orën 11.00, në hapësirat e Komisionit shtetëror për parandalimin e korrupsionit dhe për mbledhjen e propozon rendin e ditës si në vijim
REDNI I DITËS
- 1.Miratimi i Procesverbalit nga seanca e katërt e KSHPK;
- 2.Miratimi i Strategjigjisë për mbrojtjen e denoncuesve;
- 3.Informatë për veprimin e KSHPK në lidhje me obligimet që burojnë nga revizioni i NPAA;
- 4.Veprimi i KSHPK sipas lëndëve konkrete;
- 5.Çështje dhe propozime të tjera
Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива заклучи да изврши увид дали поднеле Анкетни листови за имотната состојба ректорите, деканите, директорите и заменици директори на институти при сите државни универзитети во Република Северна Македонија.
Државната комисија за спречување на корупцијата, од увидот во својата евиденција констатира дека одреден број од горенаведените лица не поднеле Анкетен лист за имотната состојба по изборот/именувањето на функцијата поради што на 4-тата седница одржана на 07.03.2019 година, заклучи да поведе прекршочни постапки согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за прекршоците.
По објавување на веста во медиумите со демант и реакција се јави деканот на Факултетот за музичка уметност Димитрије Бужаровски со образложение дека сеуште не му е истечен законскиот рок во кој е обврзан да поднесе анкетен лист.
Тргнувајќи од наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата наоѓа за потребно да укаже дека до пропустот е дојдено поради тоа што од страна на надлежните институции кои вршат избор/именување неажурно се доставуваат податоци за Регистарот на избрани и именувани лица, што е законска обврска, така што Државната комисија за спречување на корупцијата нема точен увид за тоа кога одредени лица се избрани или именувани на функција што е една од основните намени за кои е воспоставен Регистарот.
Во таа насока Државната комисија за спречување на корупцијата на истата седница упати Јавен повик до сите раководители на институции кои вршат избор или именување или од нив овластени лица доследно да ја спроведуваат законската обврска за доставување податоци или во спротивно Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе соодветни постапки предвидени со закон.
Исто така со демант и реакција се јави и деканот на Стоматолошкиот факултет Киро Ивановски со образложение дека до Државната комисија за спречување на орупцијата поднел Анкетен лист и за функцијата вд декан и за функцијата декан.
Државната комисија за спречување на корупцијата од увидот во својата евиденција констатира дека Киро Ивановски поднел Анкетни листови по избор и по престанок на функцијата вд декан на Стоматолошкиот факултет, но не и по изборот за декан на истиот факултет.
Соопштение за одржување на седница
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19), на ден 07.03.2019 година (четврток), со почеток во 11:00 часот во просториите на ДКСК, ќе ја одржи четвртата седница со следните точки од Дневниот ред:
- 1. Усвојување на Записник од третата седница на ДКСК;
- 2. Отварање на постапки по службена должност за можен судир на интереси;
- 3. Постапување на ДКСК по конкретни предмети;
- 4. Донесување на одлуки за тековно работење на ДКСК;
- 5. Други прашања и предлози.
Соопштение
На 05 март 2019 година, со почеток во 10.30 часот во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше работна средба меѓу Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања Бујар Османи со делегација од СЕП и Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата со членовите на ДКСК.
Средбата се реализирше на иницијатива на ЗПВРСМ Бујар Османи, а заради следење на имплементацијата на реформите од Планот 18, предизвиците поврзани со истата, како и соодветниот „трак рекорд“ на активности од спроведување на реформите.
На состанокот се осврнаа на неколку точки од Планот 18 и имплементацијата на препораките од 4-тиот круг на евалуација на ГРЕКО:
- - Новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси што носи нови надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата
- - Надлежностите и опфатот на работа на ДКСК, новиот состав на ДКСК избран на инклузивен и транспарентен начин
- - Просторната, човечката екипираност и техничката опременост на Државната комисија за спречување на корупцијата
- - Важноста на ДКСК во системот, но и за понатамошните напори во насока на обезбедување на датум за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ
- - Се понуди поддршка за остварување на некој од отворените прашања на Државната комисија за спречување на корупцијата како што се обезбедување на деловен простор, како и остварување на законските надлежности на ДКСК во насока на полнење на Регистарот за избрани и именувани лица.
Соопштение
На 05 март 2019 година, со почеток во 09:30 во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше работна средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и делегација од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, предвоена од г-динот Филип Рикер.
Состанокот, беше реализиран на иницијатива на гостите, а заради иницијално запознавање со новиот состав и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
На состанокот , учесниците се осврнаа на неколку области:
- - Новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси што носи нови надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата
- - Надлежностите и опфатот на работа на ДКСК, новиот состав на ДКСК избран на инклузивен и транспарентен начин,
- - Капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата, просторни, човечка екипираност и техничка опременост, и напорите околу докомплеитирање и доекипирање
- - Особено се потенцираа очекувањата на целокупната јавност од работењето на ДКСК, меѓународната заедница, Европската Комисија и генерално земјите членки на Европската Унија, како и напорната работа што претстои во насока на оправдување на дадената доверба,
- - Важноста на ДКСК во системот, особено по влезот на Република Северна Македонија во НАТО алијансата и по Преспанскиот договор.
- - Се потенцираше претстојната поддршка на УСАИД во обезбедување на софтверско решение за анкетни листови и изјавите на интереси и надградба на Регистарот на избрани и именувани лица, но и се понуди поддршка за натамошната работа на Државната комисија за спречување на корупцијата
Со договор за одржување на комуникацијата во насока на идна соработка, од интерес за двете страни, состанокот заврши во 10:15 часот.
Соопштение
По повод донесеното Решение од Претседателот на Собранието на Република Македонија со број 09-1071/2 на 08.02.2019 година за распишување на избор за претседател на Република Македонија и по донесеното Решение од Претседателот на Собранието на Република Македонија со број 09-1072/2 на 08.02.2019 година за распишување на предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар,
Државната комисија за спречување на корупцијата ги известува министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата, како и јавноста за следното:
KOMUNIKATË
Me rastin e Aktvendimit të miratuar nga Kryetari i Kuvendit të Republikës së Maqedonisë me numër 09-1071/2, më 08.02.2019, për shpalljen e zgjedhjeve për kryetar të Republikës së Maqedonisë dhe të Aktvendimit të miratuar nga Kryetari i Kuvendit të Republikës së Maqedonisë me numër 09-1072/2 më 08.02.2019 për shpalljen e zgjedhjeve të parakohshme për kryetar të komunës së Ohrit, kryetar të komunës së Novo Sellës dhe kryetar të komunës së Dibrës,
Komisioni Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit i informon ministritë, njësitë e vetëqeverisjes lokale, fondet, agjencitë, drejtoritë, ndërmarrjet publike, organet rregullatore, shoqëritë tregtare të themeluara nga shteti dhe institucionet e tjera shtetërore, si dhe publikun, për sa më poshtë:
Соопштение
01.03.2019 Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата Државната комисија за спречување на корупцијата, претставувана од Билјана Ивановска, претседател на ДКСК и Академијата за судии и јавни обвинители, претставувана од проф. д-р. Наташа Габер-Дамјановска , директор на АСЈО, потпишаа Меморандум за соработка за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Потпишувањето на овој меморандум беше резултат и потврда на веќе воспоставената долгогодишна соработка меѓу двете институции.
Меморандум за соработка
Соопштение за одржување на седница
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19), на ден 28.02.2019 година (четврток), со почеток во 10:00 часот во просториите на ДКСК, ќе ја одржи третата седница со следните точки од Дневниот ред:
- 1. Усвојување на Записник од втората сединца на ДКСК;
- 2. Предлог- Деловник за работа на ДКСК;
- 3. Отварање на постапки по службена должност за можен судир на интереси;
- 4. Постапување на ДКСК по конкретни предмети;
- 5. Донесување на одлуки за тековно работење на ДКСК;
- 6. Други прашања и предлози.
Соопштение
На 26 февруари 2019 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше прва протоколарна средба меѓу Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата г-ѓата Билјана Ивановска и Холандскиот Амбасадор во Република Северна Македонија Неговата Екселенција г-динот Mr Wouter Plomp.
На состанокот присуствуваа и Арлинда Идризи, Советник за политички и економски работи во Холандската Амбасада, членот на ДКСК Владимир Георгиев, Генералниот секретар Розета Трајан и Помошник раководителот на сектор за меѓународна соработка и проекти Маја Коневска.
Состанокот, беше реализиран на барање на Амбасадорот заради запознавање, но и дискусија на следниве неколку точки:
- - Правецот во кој што планира да работи Државната комисија за спречување на корупцијата во наредниов период
- - Отворени актуелни предмети што ја засегаат јавноста
- - Просторна и техничка опременост, како и персонална екипираност на Државната комисија за спречување на корупцијата, и за
- - Евентуална поддршка на работата на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата во насока дополнително утврдена
Соопштение
На 25 февруари 2019 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), се реализираше прва работна средба во овој состав со релевантни претставници од невладиниот сектор и членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата Цел на состанокот беше запознавање со новите надлежности на ДКСК, целите и идните чекори, особено во периодот што претстои, имајќи ја предвид притоа потребата од тесна соработка меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и невладиниот сектор.
На средбата, освен новите надлежности на Државната комисија, беа разменети информации и мислења за предизвиците што претстојат во борбата со корупцијата и активностите кои претстојат за време на изборниот период.
Двете страни ја истакнаа важноста од тесна меѓусебна соработка и со задоволство потврдија дека основа на соработката ќе претставува веќе потпишаниот Меморандум за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Соопштение
На 21 февруари 2019 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше работна средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и делегација од Италија во состав:
- Raffaele Cantone – Претседател на Италијанската Анти-корупциска Управа (во натамошниот текст: АНАК)
- Couns. Luca Trifone, Дипломатски советник на претседателот на АНАК
- Mr. Gaetano Scazzeri, Финансиска полиција
- Carlo Romeo – Амбасадор на Италија
- Alessio Liquori – Заменик амбасадор на Италија
- Diego Morelli – Експерт за безбедност при амбасадата на Италија
Состанокот, беше реализиран на иницијатива на гостите, а заради иницијално запознавање со новиот состав и можна понатамошна соработка помеѓу двете институции ДКСК и АНАК.
На состанокот се осврнаа на неколку области:
- Новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси што носи нови надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата и новиот состав на ДКСК
- Се презентираа надлежностите и опфатот на работа на АНАК, а особено напредокот што го оствариле на индексот на Транспарентност и скокот од околу 50 места за само неколку години
- нивната вклученост во борбата против корупцијата особено по Берлинскиот процес и ангажираноста на АНАК во регионот
- Се понуди поддршка за натамошната работа на Државната комисија за спречување на корупцијата
- Беше понудено и формализирање на соработката преку потпишување на Протокол за соработка помеѓу двете институции
Состанокот заврши со договор за одржување на комуникацијата во насока на идна соработка, од интерес за двете страни.
Соопштение за работен состанок на Државна комисија за спречување на корупцијата со Државната изборна комисија
Со цел непречено спроведување на Изборите за Претседател на Републиката 2019 година, кои ќе се одржат на 21.4.2019 година, Државната изборна комисија, денес 15.2.2019 година, во 12.30 часот одржа работен состанок со членовите на Државната комисијата за спречување на корупцијата.
Фокус на работниот состанок беше усогласувањето околу мерките и активностите кои ги преземаат двете комсии во изборната кампања, особено во делот на финансирање.
Двете страни ја истакнаа важноста на нивната соработка и со задоволство потврдија дека почеток на соработката ќе претставува меморандумот за соработка, кој ќе биде потпишан во роковите определени со Изборниот законик, од страна на Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.
Соопштение за одржување на седница
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19), на ден 15.02.2019 година (петок), со почеток во 10:00 часот во просториите на ДКСК, ќе ја одржи втората седница со следните точки од Дневниот ред:
- 1. Усвојување на Записник од првата седница на ДКСК;
- 2. Отварање на постапки за утврдување на судир на интереси по службена должност;
- 3. Барања за мислења доставени од разни институции во врска со изборниот период 2019 година;
- 4. Отварање на предмет за злоупотреби на распределба на буџетски средства за финансирање на програма од областа на културата.
Соопштение
На 14.02.2019 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа прва средба помеѓу новиот состав на ДКСК и Амбасадорот на Италијанската Амбасада во Република Северна Македонија неговата екселенција г-динот Карло Ромео.
Средбата која се реализираше на иницијатива на Амбасадата беше главно насочена кон унапредување на соработката и вклучување во активностите превземени од страна на Антикорупциската агенција на Италија - АНАК во насока на борба против корупција, унапредување на транспарентноста, интегритетот и етиката воопшто.
Соопштение
Како продолжување на активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во насока на борбата против корупцијата во образованието во периодот од 14-15 февруари 2019 година, со помош на ТАИЕКС инструментот се реализира експертска мисија на тема “Антикорупциски мерки во образованието”.
Дводневната експертска мисија ќе покрие два аспекта: како против корупција во образованието и како со образование против корупцијата.
За време на експертската мисија реализирана од двата експерти Иан К.Смит и Том Хамилтон , професори од Западна Шкотска ќе се остварат состаноци, покрај со членовите и вработените од Државната комисија за спречување на корупцијата и со претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, со граѓанската организација Институт за демократија ИДСЦС и директорот на Државен просветен инспекторат, Томе Спировски.
Очекуван резултат по завршување на експертска мисија е извештај / анализа со препораки во насока на унапредување на борбата против корупцијата во образованието и системско менување на сегашната перцепција и култура на прифаќање на корупцијата.
Соопштение за одржување на седница
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19), на ден 13.02.2019 година (среда), со почеток во 12:00 часот во просториите на ДКСК, ќе ја одржи првата седница со следните точки од Дневниот ред:
1. Предлог - Одлука за избор на заменик- претседател на ДКСК;
2. Предлог - Одлука за избор на генерален секретар;
3. Предлог - Одлука за овластување на потписници на сметката на ДКСК;
4. Активности во врска со надлежноста на ДКСК за следење на законитоста на финансирањето на изборната кампања;
5. Информација за обезбедување на материјално - технички услови за функционирање на ДКСК;
6. Разно.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Врз основа на член 10 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на РМ бр.12/2019 од 19.01.2019 година), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на ден 8 февруари 2019 година, донесе Одлука за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
За претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата именувана е г-ѓа Билјана Ивановска, дипломиран економист од Скопје.
За членови на Државната комисија за спречување на корупцијата именувани се:
- г-дин Владимир Георгиев, дипломиран економист од Скопје
- г-ѓа Софка Пејовска Дојчиновска, дипломиран правник од Скопје
- г-ѓа Катица Николовска, дипломиран економист од Велес
- г-дин Нури Бајрами, дипломиран правник од Гостивар
- г-дин Горан Трпеноски, дипломиран правник од Струга
- г-дин Шемши Салаи, дипломиран правник од с. Добри Дол, Општина Врапчиште
Одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата на Собранието на Република Македонија, влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.
Проект - "Антикорупциска едукација на учениците од средно образование"
На 01.01.2019 година започна реализацијата на двегодишниот проект "Антикорупциска едукација на учениците од средно образование", како продолжение на претходниот проект "Антикорупциска едукација на учениците од основно образование" кој резултираше со воведувањето на програма за антикорупциска едукација како дел од редовната годишна наставна програма во училишните наставни програми во основните училишта, во предметот Граѓанско образование.
"Антикорупциска едукација на учениците од средно образование " ќе се осврне на недостатокот на антикорупциска едукација во средните училишта, со цел повторно да се започне со програмата и да се воведе антикорупциска едукација како редовна тема во наставните програми во средните училишта. Програмата ќе се приспособи на возраста на средношколците и ќе се фокусира повеќе на подигнување на свеста кај младите за корупцијата, зајакнување на нивните знаења за корупцијата, форми на корупција и антикорупциски алатки, како и зајакнување на нивните знаења за важноста на градење личен интегритет.
Во периодот јануари-март 2019 година како прва активност е спроведување на истражување на национално ниво со млади луѓе со цел да се утврди сегашната состојба и да се утврди содржината на понатамошните активности насочени кон промена и подобрување.
Партнери за имплементација на овој проект се Државната комисија за спречување на корупцијата и Институтот за демократија "Социетас цивилис", со учесници од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Холандија во Скопје.
Во периодот од 14-15 февруари 2019 година во Скопје ќе се реализира експертска мисија за Антикорупциските мерки во областа на образованието. Главната идеја е подобрување на капацитетите на ДКСК и други надлежни институции преку собирање на нови знаења и практични искуства за методологии, стратегии, техники и ефикасни мерки за превенција и сузбивање на корупцијата во образованието, како и зголемување на јавната свест за корупцијата во образованието, спроведување на истражувања за нивото на корупција во образовните институции, но и за соработката меѓу државните институции и граѓанскиот сектор во оваа насока. Овој настан е организиран од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со инструментот TAIEX на Европската комисија.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Со цел објективно и вистинито информирање на јавноста, а во врска со прилогот на емисијата 360 степени, емитуван на ден 24.12.2018 година со наслов: „Тестиравме - дали отсуството на Антикорупциска комисија ги опушти и функционерите и службениците во Комисијата: повеќемина пратеници - едно возат, друго им пишува во анкетниот лист“, Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата чувствува обврска да извести за целокупната постапка во врска со ажурирањето на анкетни листови за имотната состојба на избраните и именувани лица.
По приемот на анкетните листови и обрасците за имотна состојба во архивата на ДКСК, истите се распределуваат во Одделението за следење и евидентирање на имотна состојба, каде што од страна на административните службеници рачно се внесуваат во електронската база на избрани и именувани лица. По тоа, на крајот на работниот ден се прави ажурирање на базата и новата состојба се прикажува на веб страницата на ДКСК.
ИТ опремата како и електронската апликација за ажурирање на имотната состојба во електронската база се застарени и често пати се случуваат технички грешки и проблеми. Во тековната година покрај застарената опрема, се соочивме со проблеми од застарена електрична инсталација која предизвика поголеми падови на целокупниот ИТ систем на ДКСК, блокирајќи ја во редовното извршување на своите работни активности. За овие сериозни проблеми кои може да доведат до тотален крах на ИТ системот, ДКСК во континуитет ги известува надлежните институции како и сите засегнати страни.
На ДКСК оваа година преку ИПА Твининг проект за интероперабилност и е доделена нова ИТ опрема, која за жал не може да ја користи бидејќи условите во просториите во кои се наоѓа институцијата тоа не го дозволуваат. Во повеќе наврати од надлежните институции е побаран друг простор со соодветни услови за прием и користење на новата ИТ опрема, но надлежните сеуште немаат изнајдено решение за овој голем проблем.
ДКСК до 360 степени веднаш достави детална информација за имотната состојба на конкретните лица кои беа предмет на нивен интерес, но содржините во емитуваниот прилог беа нецелосни и насочени кон ширење на дискредитација, кршејќи ги принципите на професионалното и етичкото информирање со цел создавање на погрешна перцепција во јавноста за работењето на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата.
СООПШТЕНИЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на Конференцијата на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупција.
На конференцијата воведни обраќања имаа Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Рената Дескоска, министер за правда, Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Розета Трајан, генерален секретар во Државната комисија за спречување на корупцијата.
Генералниот секретар на ДКСК д-р Розета Трајан нагласи дека девет месеци сме без ДКСК, период кој сам по себе е специфичен како за институцијата така и за целото општествено живеење, додавајќи дека бранот на оставки во Комисијата само уште еднаш не потсетува дека јавноста е најголемиот чувар и сојузник во борбата со корупција. Денешниот настан треба да испрати силна порака дека за ефикасна борба со корупција потребен ни е темелен и суштински институционален и граѓански ангажман.
СООПШТЕНИЕ
Државната комисија за спречување на корупција во рамките на веќе воспоставената соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), во периодот од 03-05 декември 2018 година учествуваше на работилница на тема: Вклучување на засегнатите страни во процесот на ревизија на Конвенцијата на Обединети Нации за борба против корупцијата (УНКАК).
Работилницата имаше за цел на едно место да ги обедини сите засегнати страни во процесот на ревизија на Поглавјата 2 и 5 од Конвенцијата што се однесуваат на превентивните мерки и на поврат на имотот и да овозможи дијалог за важноста на овој меѓународно правен инструмент во националното законодавство. Токму поради тоа на истата свое учество покрај ДКСК имаа и претставници од други релевантни државни институции: Министерството за правда, Царинската Управа и Дирекцијата за одземен имот, претставници од повеќе граѓански организации, но и од приватниот сектор претставувани преку Стопанските комори во РМ.
СООПШТЕНИЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на Конференцијата „За општество ослободено од корупција“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
На Конференцијата воведно обраќање имаше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, а свои излагања имаа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Розета Трајан, професорката Мирјана Најчевска, Ване Цветанов од „Зелена лупа“, поранешниот министер и експерт за финансии Џевдет Хајредини, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, Владимир Георгиев, државен советник во ДКСК, активистот Мариглен Демири, Петар Богојевски, член на ВМРО-ДПМНЕ, новинарот Горан Лефков и Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите.
Генералниот секретар на ДКСК д-р Розета Трајан нагласи дека овој настан е потврда дека е неопходен сериозен пристап во борбата против корупцијата, додавајќи дека ДКСК во изминатиот период беше нем посматрач на сите случувања во општеството, состојба која пред се се должи на нејзината неефикасност, нетранспарентност и партизираност.
9-ТИ ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
Обележувајќи го 9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупцијата, денот кога во 2003 година беше отворена за потпишување Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против корупцијата УНКАК, е момент кога треба да се потсетиме на водечките принципи содржани во преамбулата на Конвенцијата:
“Загрижени поради тежината на проблемите што ги предизвикува корупцијата и заканата што таа ја претставува за стабилноста и безбедноста, поткопувајки ги институциите и демократските вредности, моралните вредности и правдата и изложувајки ги на опасност трајниот развој и правната држава,
Загрижени, исто така, поради поврзаноста што постои помеѓу корупцијата и другите форми на криминал, особено организираниот и економскиот криминал, како и перењето на пари,
Соопштение
По повод донесената Одлука за распишување на референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година, Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста за следното:
Во претстојниот период на спроведување на активностите поврзани со закажаниот референдум на 30 септември 2018 година, Државната комисија за спречување на корупцијата нема законски основ да постапува и одлучува по доставени барања и пријави од различни субјекти поврзани со процесот на одржување на референдумот.
Секретаријат на Државната комисија за спречување на корупцијата
Експертска мисија за Систем за спречување на судир на интереси
Во Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 24-26 септември 2018 година ќе се реализира Експертска мисија за Системот за спречување и управување со судирот на интереси. Овој настан е организиран од Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на инструментот TAIEX.
Експертот г-ѓа Вита Хабјан Барбориќ, Раководител на Центарот за превенција и интегритет на јавните служби во Комисијата за спречување на корупцијата во Словенија, ќе одржи неколку средби со вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата и со членовите на работната група за измена на Законот за спречување на корупцијата и Законот за судир на интереси.
Од експертот се очекува покрај споделување на компаративни искуства во полето на спречувањето на судирот на интереси да даде и конкретни предлози и препораки за регулирање на конкретната проблематика.
Завршен настан на проектот „Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција“
Претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваа на завршниот настан на проектот „Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција“, финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) – TAIB 2012.
Главни корисници на проектот се Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, а Државната комисија за спречување на корупцијата беше една од институциите кои се партнери во имплементација на проектните активности.
На настанот се обрати г-дин Јаромир Левичек од Делегацијата на Европската унија, кој го посочи значењето на унапредувањето и зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка. Исто така свое обраќање имаа и Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, Заменик-министерот за правда г-дин Оливер Ристовски, директорот на проектот Андреа Д'Анџело, г-дин Марјан Стоилковски раководител на Одделението за компјутерски криминал и дигитална судска медицина при Министерството за внатрешни работи, г-ѓа Розета Трајан генералниот секретар на Државната комисија за спречување корупција и г-дин Фатон Асани Директор на Агенцијата за управување со одземен имот.
Обука за обучувачи на тема "Заштита на укажувачите"
Во рамките на воспоставената соработка со Проектот против економски криминал, кој се имплементира од страна на Советот на Европа во рамките на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција, во периодот од 16 до 18 Мај 2018 година, во Охрид, ќе се реализира Обука за обучувачи на тема: Заштита на укажувачите.
На тридневната обука покрај претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе учествуваат и претставници од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за јавни приходи и Јавното Обвинителство.
Обуката, заедно со останатите активности во рамките на проектот, има за цел да го подобри спроведувањето на клучните препораки на Групата на држави на Советот на Европа против корупцијата (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и да придонесе кон понатамошно зајакнување на институционалните капацитети на земјата .
Панел дискусија: Модели на антикорупциски тела
Во насока на унапредување на антикорупциското законодавство, а со цел јакнење на превенцијата и борбата против корупцијата и судирот на интереси и зајакнување на интегритетот на институциите, истовремено исполнувајќи ги препораките на ГРЕКО и насоките од УНКАК , Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за правда со поддршка на ИПА проектот Јакнење на националните капацитети за борба против корупцијата и организиран криминал, организираа Панел дискусија: Модели на антикорупциски тела.
На истата свои обраќања имаа г-дин Јаромир Левичек, Шеф на операции и јакнење на институциите од ДЕУ, г-дин Оливер Ристовски, Заменик министер за правда, г-ѓа Розета Трајан, Генерален секретар во ДКСК и Анета Павловска Данева, претставник на РМ во ГРЕКО. Сите тие ја потенцираа потребата од силната волја за создавање на независно тело кое во свој полн капацитет ефикасно ќе се справува и ќе се бори со корупцијата и судирот на интереси, а гаранција за тоа треба да биде состав од лица со јак и изграден личен интегритет:
Известување за јавност
29.03.2018 година Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека со оглед на тоа што на 19 март 2018 година од страна на Собранието на Република Македонија е донесена Одлука за разрешување членови на ДКСК, со која се разрешени од функцијата пет членови на ДКСК, во претстојниот период нема можност да одлучува и решава по однос доставените барања и пријави од странките, во согласност со начинот на работа на ДКСК утврден во член 51 од Законот за спречување на корупцијата.
Во смисла на наведеното, известуваме дека Секретаријат како стручна служба на ДКСК, ќе постапува и ќе ги врши административните и техничките работи на ДКСК и преку архивата и службената електронска пошта на ДКСК ќе ја прима и администрира целокупната документација што ќе пристига на адреса на ДКСК.
Учество на конференција „Борбата против корупцијата - предизвик за заедничко делување на граѓаните и институциите“
28.03.2018 година. Претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваа на конференцијата во организација на МЦМС на тема „Борбата против корупцијата - предизвик за заедничко делување на граѓаните и институциите“ што се одржа на 28 март 2018 година во Скопје. Конференцијата се одржа во рамките на проектот „Следење на работата на ДКСК“, што го спроведуваше МЦМС во соработка со ДКСК, со поддршка од Британската амбасада во Македонија.
Во рамките на конференцијата покрај Вицепремиерот за економски прашања г-динот Анѓушев кој ја охрабри борбата против корупцијата и според кого ДКСК треба да биде главната институција во борбата против корупцијата, институција која треба да биде деполитизирана и која нема да работи по ничиј диктат, на присутните им се обрати и Пол Едвардс, заменик шеф на мисијата на Британската амбасада во Македонија, кој се осврна на мотивите за поддршка на проектот Следење на работата на ДКСК, што се спроведуваше во изминатите 18 месеци.
ДКСК подготви Предлог Стратегија за промоција на системот на заштита на укажувачите
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од 5-9 март ја одржа втората експертска мисија со експертот Марк Вортх од Европскиот центар за правата на укажувачите и работната група во која покрај членови на ДКСК и вработените во Секретаријатот на ДКСК партиципираат и претставници од Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација, Народниот Правобранител, Транспаренси Интернешнл – Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија.
ДКСК одржа работна средба со УСАИД
Државна комисија за спречување на корупцијата одржа состанок со IMPAQ International, организација која е ангажирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) за спроведување на надворешна евалуација на аспекти од портфолиото на УСАИД/Македонија во областа на демократијата и владеењето на правото, како и сродни активности.
ДКСК подготвува Стратегија за промоција на системот на заштита на укажувачите
Државната комисија за спречување на корупцијата во изминатите години има направено значаен прогрес во имплементирање на мерки за намалување на корупцијата и подигање на нивото на интегритет на институциите. Сепак предизвиците остануваат и значителна работа на ова поле се уште престои. Успешната имплементација на системот на заштита на укажувачите е потенцирана во сите стратешки документи, вклучувајки ги и Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2016-2019 .
Јавна Опомена
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Маја Манолева поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.
Имено, службеното лице, покрај функцијата ВД Директор на ЈЗУ „Завод за физикална медицина и рехабилитација“ – Скопје ја извршува и функцијата управител на ПЗУ „ФИЗИОПЛУС Д-Р МАНОЛЕВА“- Скопје.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на една од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.
Јавна Опомена
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Марјан Огњановски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.
Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Управен одбор во АД „ГТЦ“- Скопје ги извршува и функциите управител на Трговско Друштво „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје и управител на Трговско друштво ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на две од трите функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.
Јавни опомени
27.12.2017 - Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Верица Узунова, Виолета Хаџиева Гиноска и Огнан Миовски, поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:
1) Верица Узунова – кумулација на функции – истовремено со функцијата директор на ЈП за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простории „ПАРКИРАЛИШТА“ Струмица ја извршува и функцијата член на Надзорен одбор на АД Електрани на Македонија, Скопје;
2) Виолета Хаџиева Гиноска – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод ја извршува и функцијата управител/овластено лице на ПЗУ Ординација по општа стоматологија ЈУГОДЕНТ Македонски Брод и
3) Огнан Миовски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Пехчево ја извршува и функцијата управител на Сметководствено биро ОГНАН ДООЕЛ, Пехчево.